Според неговите зборови, „Силата на Сибир 2“ треба да стане база за извоз на педесет милијарди кубни метри гас годишно преку Монголија во Кина, а планирани се и испораки на овој енергенс од Јамал во Европа.
Целта на проектот е да се поврзе западната гаснотранспортна инфраструктура со источниот дел на Русија, како и да се обезбеди со гас источен Сибир, додаде Милер.
„Гаспром“ и кинеската национала нафтногасна корпорација CNPC потпишаа во 2015 година спогодба за испорака на гас НРК по западната рута. Со спогодбата е предвидена изградба на нов цевководен систем во веќе постојниот транспортен коридор од западен Сибир до Новосибирск со понатамошно продолжување до руско-кинеската граница. Кон крајот на март Владимир Путин на состанок со Алексеј Милер се согласи со почетокот на проектно-истражувачки работи за гасоводот „Силата на Сибир 2“.
Кон крајот на минатата година беше отворена делница на магистралниот гасовод „Силата на Сибир“ која оди по источната рута во должина од околу 2000 километри, од Чајадинското наоѓалиште во Јакутија до Благовешченск. По оваа рута за руските потрошувачи на Далечниот Исток и потрошувачите во Кина се транспортира гас од производните центри во Иркутск и Јакутија.
Изградбата на „Силата на Сибир“ траеше повеќе од пет години и чинеше 1,1 трилиони рубли.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче