„Гаспром” подготвен за намалена побарувачка за гас

turkstream.info
Поради пандемијата на коронавирусот и економската криза „Гаспром” очекува значително намалување на побарувачката кога станува збор за извоз на гас. Според процената на оваа компанија, извозот ќе биде помал за 16,4%.

Овие бројки ги соопшти раководителот на финансиско-економското одделение на „Гаспром” Александар Иваников, пренесува РБК.

Просечната цена на гасот при испораката на странските купувачи веројатно ќе доживее уште позначителен пад: од 210,6 долари за илјада кубни метри ќе падне на 133 долари, што е намаление од 37%.

Како што објасни началникот на аналитичкото одделение на „Гаспром експорт” Андреј Зотов, до летово цените на гасот во Европа можеби ќе паднат и на 70 долари за илјада метри кубни, додека зимава ќе достигнат 120-130 долари.

Претходно беше соопштено дека во март производството на гас во Русија е намалено за 12,3% во однос на истиот период лани. Притоа во јануари и февруари, уште пред почетокот на епидемијата на коронавирусот во Европа, приходот од извоз на „Гаспром“ се преполови, што е причинето од благата зима, зголемените испораки на течен гас (меѓу другото, од Америка) и преполнетоста на европските складишта.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња