Изградба на гасоводот „Северен тек 2“. Илустрација.
ReutersПретседателот на Русија Владимир Путин рече во јануари дека завршувањето на изградбата на гасоводот ќе биде поместено неколку месеци. Работите на изградбата на цевководот и негово пуштање во работа се предвидени за крајот на оваа или првото тромесечје на следната година.
Како најизгледна варијанта за завршување на проектот притоа се појави ангажирањето на бродот „Академик Черски“ што од 2016 година го користи ООО „Гаспром флот“. Во февруари овој брод го напушти пристаништето Находка на Далечниот Исток и се упати кон Сингапур, а потоа заобиколувајќи ја Африка, неколку пати менувајќи ја рутата, пристигна на Канарските острови. Рутата понатаму водеше до пристаништето Абердин во Велика Британија. Меѓутоа, бродот во неделата ја промени дестинацијата, повторно наведувајќи ја Находка (пристигање на први јули). Во овој момент, според информациите од порталите кои се занимаваат со следење на движењето и позициите на бродовите, пловилото повторно минува низ Ламанш.
„Сите одлуки за „Северен тек 2“ се носат на највисоко ниво. И можно е таа промена на рутата да ги одразува колебањата и сомнежите во целисходноста и можноста за продолжување на изградбата, сега, во актуелните пазарни услови“, рече аналитичарот на „Финам“ Алексеј Калачов, претпоставувајќи дека комплицираната рута на „Академик Черски“ може да биде и свртување на вниманието.
Стручњаците истакнуваат дека 2020 година не почна мошне добро за добавувачите на „синото гориво“. Според податоците на Gas Infrastructure Europe од 25 април, нивото на пополнетост на подземните складишта на гас во Европа се наоѓа на рекордни 60,8 отсто. На тој ден лани овој показател изнесуваше 47,7 отсто. Освен тоа, со оглед на вишокот на гас во регионот, цените продолжуваат да паѓаат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче