Колку пари денес би можеле да подигнат наследниците на Ленин од сметката која сé уште постои во Швајцарија? Дека Ленин, додека живеел во емиграција во Швајцарија, имал скромни средства на сметка во банка, за историчарите не е новина. Како ни тоа дека сметката пред враќањето во Русија пролетта 1917 година водачот на светскиот пролетаријат не ја затворил, пишува „Комсомолскаја правда“.
Авторот на текстот вели дека со помош на еден познаник од Швајцарија кој е банкар и згора на тоа ја сака историјата, успеал да го пронајде „наследството на Ленин“ во кантоналната Банка во главната деловна и трговска улица Bankofstrasse во Цирих. Таму сé уште се наоѓа сметката под број 611361 чиј сопственик е Владимир Уљјанов. Се покажало дека Ленин сочувал на неа пет швајцарски франци.
Новинарот на „Комсомолскаја правда“ стапил во контакт со банката за да дознае колку за нешто повеќе од еден век нараснале парите на главнината. Службеникот кој се јавил на телефонот прашал дали личноста што се интересира е роднина или во некаква друга врска со господинот Уљјанов? Кога дознал дека тоа не е случај, љубезно објаснил дека во таква ситуација не даваат информации за сметките на клиентите.
Меѓутоа, со помош на познавачи на швајцарскиот банкарски систем, се дојде ориентациски до висината на сумата што денес би можела да се подигне од сметката на Ленин. Земајќи ги предвид просечните 1% камата на годишно ниво од почетокот на минатиот вел, капитализацијата на каматата, како и инфлацијата, излегува дека наследниците на Ленин можат да сметаат на 12,98 швајцарски франци. Доволно за неколку кригли точено циришко пиво кое Илич го сакал, но сосем сигурно не и да се направи нова револуција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче