Поради негативната цена на нафтата во Русија паднаа големопродажните цени на бензинот

Global Look Press
Нафташите почнаа да го продаваат бензинот со загуба, изјави генералниот директор на агенцијата Анализа на пазарите на стока Михаил Турукалов во разговор со порталот РБК.

Според последните процени, компаниите губат околу 2,3 илјади рубли на тон бензин АИ-92. Од 13 до 19 април цената на оваа марка на Санктпетербуршката меѓународна стоковно-сировинска берза паднаа за 11 проценти или 4,2 илјади рубли, а веќе на 20 април АИ-92 се продаваше во европскиот дел на Русија по 35,77 илјади рубли за тон, рече Турлаков.

Во понеделникот цената на лесната сирова нафта WTI (едно од мерилата за формирање на цената на нафтата) за испораки во мај првпат во историјата падна под 0 долари. Цените на NYMEX достигнаа минус 40,32 долари за барел. Подоцна цената се опорави и прејде во плус. Цената на северноморската смеша нафта од марката Brent за јунските испораки падна на 25,38 долари за барел.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња