Кремљ внимателно го следи движењето на цените на нафтата, им изјави на новинарите портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков. „Вчера дојде до падот на цената на фјучерсите, цените на нафтата не паднаа под нулата“, рече тој.
Песков додаде дека оваа ситуација е „чисто трговска работа“, на која „не е потребно да ѝ се дава апокалиптичен призвук“. „Сите стручњаци се свесни дека тоа не е причина за претерано негативни оцени на постојната ситуација”, додаде прес-секретарот.
Според него, ситуацијата на нафтениот пазар е е непријатна, но руската влада ги има неопходните резерви за минимизација на последиците од колебањето на цените. „Во случај на потреба сите ресурси ќе бидат искористени“, изјави тој.
На 20 април фјучерсите за американската нафта од марката WTI поевтинија за речиси 56 долари, при што цената од 17,73 долари падна на -37,63 долари за барел. Тоа никогаш се нема случено претходно. Фјучерсите за WTI со испорака во јуни паднаа за 23,6%, достигнувајќи 16,5 долара за барел.
Мајскиот фјучерс за WTI истекува на 21 април. Тоа беше причината за воспоставување негативна цена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче