Коронавирусот внесува корективи: Руската пченица поскапа од нафтата

Виталиj Тимкив/Sputnik
Цената на пченицата во Русија минатата недела порасна и ја надмина цената на нафтата. Како е можно тоа?

Изгледа дека оваа година нафтата ја губи позицијата на главен руски извозен артикл. Од 16 до 20 март цената на пченицата во Русија порасна за 1020 рубли и достигна 13270 рубли (околу 155 евра) за тон, притоа надминувајќи ја цената на нафтата Ural, која падна на 12850 рубли (околу 150 евра) за тон.

Цената на руската пченица порасна по мартовската девалвација на рубљата, како и поради растот на цените на светскиот пазар, изјави за Russia Beyond Дмитриј Гелемужин, извршен директор на „Голдман Групата”, агрохолдинг од Сибир.

„Цената на пченицата во странство расте затоа што потрошувачите се сé повеќе загрижени дека ќе дојде до недостиг на жито поради мерките на карантин”, објаснува тој. „Освен тоа, цените скокнаа поради гласините за можни ограничувања за извозот на руска пченица“.

Според мислењето на експертите, цената сé уште го нема достигнато својот максимум и ќе продолжи да расте, затоа што во некои земји сé уште постои ризик од недостиг. Меѓутоа, Гелемужин предвидува дека растот на цените ќе биде само привремен.

„Постои страв дека ќе дојде до недостиг на храна поради ширењето на вирусот и карантинските мерки, што води до зголемена побарувачка за жито во многу земји“, вели тој. За странските купувачи тоа значи повисоки цени на руската пченица, а за Русите повисоки цени на производите како што се брашното, млекото и месото.

„Најважен фактор притоа е девалвацијата на рубљата, која веќе предизвика раст на цените на хелдата, оризот и уште на некои земјоделски производи“, додава тој.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња