Во интервјуто за новинската агенција ТАСС претседателот на РФ укажа дека „средната класа се разликува од земја до земја“ и дека е погрешно да се споредува средната класа во Русија со стандардот во Франција, Германија или Америка. Путин нагласи дека според методиката на Светската банка на средната класа ѝ припаѓаат луѓето чии приходи се 1,5 пати поголеми од минималната заработувачка.
„Кај нас има многу такви луѓе, сигурно преку седумдесет отсто“, рече шефот на руската држава, истакнувајќи дека просечната плата во Русија е далеку поголема од минималецот, кој во 2019 година изнесуваше 11280 рубли.
„Средна класа кај нас постои, само што нашата задача е да ја зајакнуваме и да ѝ ги зголемуваме приходите“, заклучи Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче