Русија поради санкциите изгуби речиси 50 милијарди долари, но и успеа да го надомести сето тоа благодарение на сопственото производство, рече Путин во интервју за ТАСС.
„Можат да ни плукнат под прозорец со тие санкции («Да плевать на них, на эти санкции»). Според различни процени, изгубивме околу 50 милијарди долари, но и заработивме исто толку“, рече претседателот на РФ.
Тоа се големи загуби за државата, признава Путин, но истакнува дека токму благодарение на санкциите Русија „мрдна со главата“ и наместо да се троши на странски производи, почнала да користи свои, користејќи нови или заборавени технологии.
„И сето тоа ни оди во корист нам, тоа е диверзификација на нашата економија и ни помага во решавањето на клучните задачи“, истакна рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче