Рубљата паѓа, а Русите се шегуваат

Getty Images
За Русите падот на рубљата е повод за правење мемиња. Веќе смислија нов логотип за рубљата, сфатија зошто падна и смислија како да ја вратат на претходното ниво.

Цената на нафтата падна откако Русија одби да склучи договор со земјите на ОПЕК. А со цената на нафтата падна и рубљата. На берзата Forex (руските берзи беа затворени поради празникот) доларот чинеше преку 75 рубли (претходно се движеше околу 65 рубли), а еврото 85 рубли (пред тоа чинеше 72-74 рубли).

Едни ги фати паника, а други почнаа да купуваат долари. Меѓутоа, по сé што преживеаја 1998, 2008 и 2014 година, Русите не го доживуваат падот на националната валута како нешто трагично. Веќе се смислени многу мемиња на таа тема. Еве ги најсмешните реакции на непријатната вест.

Русите пред сé смислија нов логотип за рубљата.

„Вчера сите (по повод 8 март) купуваа лалиња, а требаше да купуваат долари“,напиша Аксана Ханмедова на „Инстаграм“.

@Lale4ka беше затечен.

(Понатаму за превод)

„Наташа, спиеш ли?“

„Веќе е 6 сабајле, Наташа“

„Нафтата чини 32 долари“

„Доларот чини 72 рубли“

„Станувај, сé соборивме таму“

„Евро чини 82 рубли“

„Сé живо соборивме, Наташа, стварно“

Корисникот на „Твитер“ @oneteacher2jobs планирал да оди на одмор, но падот на рубљата му ги урнисал плановите:

„Јас: Конечно го исплатив станбениот кредит, најпосле годинава ќе одам налето на одмор, првпат по пет години. Можеби во Шпанија, Грција или Италија. Можеби дури и во САД, имам таму познаничка, одамна ме вика да одам.

Курсот на еврото: со среќа, брат.

Доларот: :-)

Коронавирусот: без коментар“, напиша тој на интернет.

Еден корисник стави на рубљата облоги од тегавец. Во Русија се верува дека оваа билка лекува многу болести.

@chigirin претпоставува дека курсот на рубљата е намерно соборен за да се заштити земјата од коронавирусот.

„Тоа е всушност заштита на земјата од коронавирусот. Со таков курс никоја нема да посака да ја напушти земјата. Добра стратегија. А во меѓувреме ќе пукне и американскиот гас од шкрилци. Само треба да се издржат три години“, пишува тој на „Твитер“.

Некој на „Твитер“ ја спореди рубљата со главниот филм на филмот на Кјубрик „Сјаење“.

Други се обидоа да објаснат што се случило со нивните заштеди по падот на рубљата.

„И ете, така за еден миг инвестициското портфолио се претвора во инвестициски несесер“, заклучува Василиј Есманов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња