До одлив на мозоци од Русија доаѓа затоа што луѓето бараат добро платена работа. Тоа значи дека и ние мораме да ги зголемиме платите, рече Владимир Путин во интервју за агенцијатат ТАСС.
„Рибата бара каде што е подлабоко, а човекот каде што е подобро“, се сети Путин на народната поговорка. „Тоа значи дека државата мора да креира услови за да може да ги привлече стручњаците во земјата“, заклучи тој.
Може, исто така, да се „затвори“ земјата како што правеа во СССР, но двата начина имаат свои маани, додаде тој и наведе еден пример.
„Почнавме подобро да ги плаќаме пилотите во цивилната авијација затоа што би беа потребни странски стручњаци. И веднаш дојде до проблеми, воените пилоти радо заминуваат од армијата за плата во цивилната авијација“, објасни претседателот.
Затворање на земјата како во советските времиња тој исто така не го отфрла. „Држи, не пуштај, да се бара од нив да исполнат дополнителни обврски. Да речеме, човек кој дипломирал не може да ја напушти земјата, мора тука да работи, да исполни одредени задачи или да ги врати парите со кои државата го финансирала неговото образование“.
Рускиот претседател рече дека државата ќе преземе нешто да го спречи одливот на мозоци, но и да ги привлече странските стручњаци. „Невозможно е да го задржите сите. Или (ако веќе заминуваат) не треба да подготвуваме толкав број стручњаци. Како и да се свртиш – нешто не чини“, вели Путин.
Истражувањето на Руската академија за народно стопанство и државна администрација (РАНХиГС) спроведено 2018 година вели дека во странство живеат 2,7 милиони иселеници од Русија. Меѓу наведените причини за емиграција се „забележителното влошување на економската ситуација од 2014 година, тешкотиите на пазарот на труд, помалите плати, помалите можности за напредување во кариерата“. Секој четврти емигрант вели дека ја напуштил Русија поради политичката ситуација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче