При разгледувањето на големите инфраструктурни проекти морав малку да им „подвикнам“ на поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин и на поранешниот министер за економија Герман Греф, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.
Во интервјуто за агенцијата ТАСС во рамките на проектот „20 прашања за Владимир Путин“, рускиот претседател рече дека Кудрин бил против за секое прашање, на пример, против изградбата на кружниот автопат околу Петербург.
„Тој и Греф, министерот за економија и министерот за финансии, двапати доаѓаа кај мене. Дури кога им „подвикнав“ дадоа пари за изградбата на кружниот автопат околу Петербург“, рече Путин.
Според зборовите на претседателот, така морал да направи и кога во прашање биле други големи инфраструктурни проекти. Путин додаде дека Кудрин и Греф биле против изградбата на мост до островот Руски, како и против некои инфраструктурни објекти во Сочи.
„Зборуваа: не сакаме, скапо е. Секогаш како аргумент наведуваа дека постојат други, поважни проекти, дека треба да се занимаваме со макроекономската ситуација и дека не смееме да го дебалансираме буџетот“, објасни рускиот лидер.
Притоа, според зборовите на Путин, Кудрин сега го променил односот спрема големите буџетски издатоци. Шефот на руската држава додаде дека Кудрин, кој се наоѓа на чело на Сметководствената комора на Русија од 2018 година, на новата функција „го смени аголот на гледање и го изостри погледот, затоа што не се плаши дека ќе добие тупаница во око“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче