Македонија претставена со свој национален штанд на саемот „Продекспо 2020“ во Москва

Македонска-руска стопанска комора
Најголемата саемска манифестација за храна, пијалаци и суровини за прехранбената индустрија во Руската Федерација и во југоисточна Европа беше отворена денес, 10 февруари, и ќе трае до 14 февруари во изложбено – саемскиот „Експо-центар“ во Москва.

На  саемот своите производи изложуваат македонски винарии и млекарници.

„На националниот штанд на 65 квадратни метри руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и другите деловни луѓе и бројните посетители, ќе можат да ги запознаат врвните македонски вина и квалитетна млечни производи на овие нашите производители, од кои дел допрва се подготвуваат за влез на овој голем пазар“, вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руската стопанска комора.

На „Продекспо 2020“ на 100000 квадратни метри ги изложуваат своите производи 30 индустриски сектори. Присутни се 2600 компании – изложувачи од 67 земји од светот. Меѓу 31 национален штанд е и македонскиот, што ја отсликува заинтересираноста за развивање на економските односи со Руската Федерација.

Се очекува низ халите на „Експо центарот“ да поминат 67000 посетители од 112 земји и претставници на 120 меѓународни и руски трговски ланци. „Продекспо 2020“ на едно место ги собира трговците – увозници на федерално и локално ниво, кои се стратешки партнери на прехранбената и индустријата за пијалаци во Русија и Евроазиската унија, како и претставниците на ХоРеКа секторот – хотели, ресторани, кафулиња и барови. 

За време на саемските денови ќе се одржат и бројни тематски конференции, се вели на сајтот на Македонска-руската стопанска комора.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња