Бојко Борисов и Владимир Путин, мај 2018.
Kremlin Pool/Global Look Press„Гаспром експорт“ и „Булгаргас“ во 2012 година потпишаа договор кој важи до крајот на 2022 година за испорака на 2,9 милијарди кубни метри гас годишно. Притоа Бугарите се должни да откупат 80% од оваа количина гас - 2,3 милијарди кубици, пренесува изданието. Доколку Бугарија не ги исполни преземените обврски, „Булгаргас“ ќе мора да плати за 800 милиони кубни метри гас што не го презел и кој во Европа сега чини околу 100 милиони долари.
Бугарија претходно купи 20% од акциите на американскиот терминал за течен природен гас во грчкото пристаниште Александрополис. На 28 јануари на состанокот со американски функционери кои се занимаваат со енергетски прашања, бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова рече дека нејзината земја користи 3 милијарди кубни метри гас годишно и дека ги добива од Русија. Како што мислат во Софија, половината од потребните количини ќе ги добијат како течен природен гас и гас од Азербејџан до крајот на годинава.
Бугарија ги доби првите количини американски гас во јуни минатата година. Според резултатите во 2019 година, таа добила околу половина милијарда кубни метри течен гас.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче