Колкаво значење има Турски тек за Европа?

Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган на церемонијата на официјалното пуштање во работа на Турски тек во Истанбул. Со нив се и претседателот на Србија Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, 8 јануари 2020 година.

Претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган на церемонијата на официјалното пуштање во работа на Турски тек во Истанбул. Со нив се и претседателот на Србија Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, 8 јануари 2020 година.

Сергеј Гунеев/Sputnik
Благодарение на новиот гасовод кој е спроведен низ Турција рускиот гас полесно ќе стасува до руските потрошувачи.

Новата година според сè започна добро од гледна точка на руските енергетски амбиции. По декемвриското пуштање во работа на гасоводот „Силата на Сибир“ преку кој рускиот гас се извезува во Кина, на 8 јануари лидерите на Русија, Турција, Србија и Бугарија официјално го пуштија во работа гасоводот Турски тек, долгоочекуван инфраструктурен проект за транспорт на гас во јужна и во југоисточна Европа преку Турција.

Краснодарски крај, 23 јуни 2017 година. На бродот Pioneering Spirit, за поставување гасоводни цевки на голема длабочина, кој треба да ја спои длабинската и плитката делница на гасоводот Турски тек во Црното море, 50 километри од Анапа.

Испораката на гас на определени европски партнери започна и пред свечената церемонија во Истанбул. Снабдувањето на Бугарија со гас преку Турски тек започна на 1 јануари, а на Грција и на Северна Македонија на 5 јануари.

Ижорска фабрика за цевки на компанијата „Северстаљ“ во Санкт Петербург.

Најновите американски санкции се однесуваат и на Турски тек, но тој сепак ја лиши Украина од нејзините поранешни европски партнери. А, што може да им донесе овој гасовод на потенцијалните европски клиенти?

Клучни податоци

Турски тек е составен од две линии, секоја со капацитет од 15.75 милијарди кубни метри гас годишно. Со првата линија рускиот гас се транспортира во Турција, а со втората на партнерите на Балканот.

Гасоводот долг 930 километри започнува од компресорската станица „Руска“ во близина на градот Анапа, а завршува во Мидија, турско приморско гратче, 20 километри од границата со Бугарија. Бугарија, Грција и Северна Македонија веќе се приклучија на гасоводот. Се очекува дека Србија ќе се приклучи кон средината на 2020, Унгарија во 2021, а Словачка во 2022 година.

Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на церемонијата на завршувањето на поморската делница на гасоводот Турски тек. Во заднината е Алексеј Милер, шеф на компанијата Гаспром.

Првиот човек на компанијата Гаспром Алексеј Милер изјави дека Русија има доволно резерви на гас за своите партнери преку Турски тек да ги снабдува најмалку 110 години.

Најдобри цени, најмал ризик

„Испораката на рускиот гас преку Турски тек секако ќе има големо значење за економијата на Турција и на Црноморскиот регион, но позитивно ќе влијае и на развојот на многу јужноевропски земји и ќе придонесе за зајакнување на вкупната енергетска безбедност на Европа“, рече Владимир Путин во говорот за време на свеченото пуштање во работа на гасоводот во Истанбул. Експертите, според сè, го делат негово мислење.

Постариот аналитичар на Центарот за анализа и финансиска технологија Антон Биков смета дека во следните децении побарувачката за природен гас во светот ќе биде сè поголема, а гасот кој минува низ гасоводот Турски тек за Јужна Европа ќе биде поевтин од оној што стасува преку Украина. „Тие ќе добијат поевтино гориво, што теоретски ќе им овозможи да бидат поконкурентни и да ја зголемат својата економска продуктивност, а на тоа треба да се додаде и заработката од транзитот“, рече тој.

Бугарија и Србија веќе изјавија дека преминувањето од украинскиот транзит на Турски тек им се исплатува. Претседателот Александар Вучиќ рече дека Србија може да заработи 185 милиони американски долари годишно на транзит на гас преку својата територија, додека Булгаргас, најголемиот бугарски дистрибутер на природен гас, процени дека благодарение на новиот гасовод Бугарија ќе заштеди на транспорт 46.5 милиони американски долари годишно и дека вкупната цена на гасот за потрошувачите ќе се намали за 5%.

Покрај тоа, европските партнери ќе го избегнат ризикот од евентуални нови „гасни конфронтации“ помеѓу Русија и Украина, додаде Михаил Коган, раководител на Аналитичкото одделение на Високата школа за финансиски менаџмент. „Без оглед на можноста да го продолжи својот договор со Гаспром за транзит на гас во Европа во текот на следните 5 години, Киев ќе мора да се соочи со непосредните загуби“, вели тој. Не сметајќи ги Романија и Молдавија, Украина веќе ги изгуби своите поранешни клиенти кои сега го користат Турски тек, што значи дека на транзит ќе заработува 450 милиони американски долари помалку од претходно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња