Путин за реверзната испорака на гас: „Гас преку иста цевка истовремено во двете насоки? Глупости!“

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по самитот на БРИКС во Бразил.

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција по самитот на БРИКС во Бразил.

Алексеј Дружинин/Kremlin via REUTERS
Сумирајќи ги резултатите од самитот на БРИКС, Владимир Путин изрази подготвеност Русија да ја намали цената на гасот за Украина. Рускиот претседател изјави дека при директна испорака гасот може да биде поевтин за 20-25%.

Притоа Путин одделно ја коментираше темата за реверзната испорака на гас. Тој изјави дека фактички не постои реверзна испорака, бидејќи гасот не може низ истата цевка истовремено да тече во двете насоки.

Според претседателот на РФ, Русија не го поставила прашањето за реверзната испорака за да не ги затегнува односите со Украина: „Сакам на сите да им биде јасно: реверзна испорака не е можна. Гасот не може да тече низ една половина од цевката натаму, а низ другата половина наваму. Тоа е глупост, разбирате? Бесмислено. Тоа воопшто не е изводливо“.

Претходно информативната служба на компанијата „Укртрансгаз“ најави модернизација на цевководите заради зголемување на реверзната испорака од Полска.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња