Бугарија го гради вториот крак на „Турски тек“ за снабдување со гас на јужна и југоисточна Европа

Gazprom/Instagram.com/Global Look Press
Софија ја информираше Москва дека започнала со изградба на вториот крак за транспорт на гас преку „Турски тек“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Нашите бугарски колеги нѐ информираа за почетокот на изградбата на инфраструктурата за транспорт на гас по вториот крак на „Турски тек“. Како што соопшти госпоѓата министерка, денес е одржана церемонија на која присуствуваа бугарскиот премиер и амбасадорот на РФ во Бугарија“, изјави Лавров по преговорите со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Инаку, во Бугарија е отворена првата делница на гасоводот „Турски тек“ од 11 км, од границата со Турција до компресорската станица „Странџа“. На отворањето присуствуваа бугарскиот премиер Бојко Борисов, министерката за енергетика Теменушка Петкова, раководството на операторот „Булгартрансгаз“, како и изведувачот на градежните работи конзорциумот „Аркад“.

Борисов повторно изјави дека називот „Балкански тек“ станал обединувачки за учесниците во проектот. „Го избравме називот „Балкански тек“ затоа што ги обединува земјите во регионот. Следната недела ќе покажеме како го градиме интерконекторот со Грција, така што Бугарија ќе има две гасоводни магистрали преку кои нашите соседи ќе добиваат гас“, објасни Борисов.

Проектот „Турски тек“ подразбира изградба на гасовод составен од два крака со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри.

Првиот крак е наменет за испорака на руски гас за турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Двата крака треба да бидат изградени до крајот на 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња