Русија и Турција потпишаа договор за трговија во националните валути

Diego Cupolo/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Министерството за финансии на Русија и Министерството за трезор и финансии на Турција потпишаа договор за употреба на националните валути во трговијата меѓу двете земји, соопшти рускиот ресор.

Како што се наведува во соопштението, документот е потпишан со цел „проширување и зајакнување на меѓубанкарската соработка, како и обезбедување континуитет во плаќањето меѓу стопанските субјекти на двете земји“.

Од руска страна, договорот го потпиша првиот вицепремиер и министер за финансии Антон Силуанов, а од турска неговиот колега Берат Албајрак, министер за трезор и финансии.

Документот е потпишан со цел зголемување  и постепен префрлање на употребата на рубљата и лирата во трговијата меѓу Русија и Турција, како и создавање соодветна инфраструктура на финансискиот пазар и зголемување на привлечноста на националните валути за компаниите. Со цел зголемување на нивото на ликвидност на руските и турските емитенти, ќе се развиваат инструменти за издавање должнички хартии од вредност на пазарите на двете земји.

Во 2018 година трговската размена меѓу Русија и Турција порасна за 16 отсто и достигна 25,5 милијарди американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња