Русија бележи недостиг на работна сила

Global Look Press

Во повеќето региони на Русија е забележан недостиг на работна сила. Меѓу најдефицитарните занимања се заварувачите, машинобраварите, товарачите и монтерите.

Стручњаците на руската компанија за вработување HeadHunter утврдија дека Русите сѐ помалку ги привлекува физичката работа. Затоа работодавците сега најмногу бараат металостругари (100 слободни работни места на тројца кандидати), како и пакувачи на амбалажна роба, шивачки и оператори на машинска опрема, пишуваат руските медиуми.

Меѓутоа, кога станува збор за професии кои бараат голем број извршувачи, најдефицитарни се лекарите. Во 64 од 75 региони е забележан недостиг на овие стручњаци. На второто и на третото место се занимањата заварувач и машинобравар (во 28 и 27 региони).

Додека во Москва и Санкт Петербург постои недостаток на струки поврзани со деловниот и IT-секторот (ERP-консултанти во Москва и стручњаци за односи со клиенти во Санкт Петербург).

Експертите исто така истакнуваат дека според степенот на популарност државната служба (8,7 апликации за едно работно место) веќе ја достигнала уметничката сфера (8,8 кандидати за една позиција).

Притоа ваквата ситуација со недостигот на работна сила не се вклопува во концептот на преминување на четиридневна работна недела, за што претходно зборуваше Руската академија за државна економија и јавна администрација (РАНХиГС). 

Рускиот премиер Дмитриј Медведев претходно изјави дека во иднина ќе дојде до премин на светската економија на четиридневна работна недела и му наложи на Министерството за труд до крајот на септември да го изнесе својот став за можноста за вакви промени.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња