Русија размислува за засилување на безбедноста на енергетските постројки по нападите во С. Арабија

Омската рафинерија

Омската рафинерија

Gazprom/Global Look Press
По нападите со дронови врз саудиската компанија Aramco, која ја произведува најголемата количина на нафта на светот, Русија може да ја преиспита безбедноста на капацитетите за експлоатација на нафта и да ја подигне на повисоко ниво, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Тој нагласи дека во Русија е на сила законот за безбедност на објектите на енергетскиот сектор и дека во согласност со него се преземаат сите неопходни мерки за заштита.

„Ситуациите како што е нападот врз погоните во Саудиска Арабија нѐ поттикнуваат уште еднаш да ја преиспитаме тековната состојба. Мислам дека ќе работиме на тоа“, ги наведува неговите зборови агенцијата ТАСС.

Новак додаде дека на тоа се работи непрекинато и истакна дека сега е неопходно д се земе предвид новонастанатата ситуација.

Министерот нагласи дека нападот со дронови врз Saudi Aramco влијае врз енергетската безбедност во целиот свет. Светските резерви на нафта се доволни да ги компензираат загубите како резултат на намалувањето на експлоатацијата во ова вонредна ситуација, изјави рускиот министер за енергетика.

Тој додаде дека ова прашање, како што е планирано, ќе биде разгледано со министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз ибн Салман.

Одговарајќи на прашањето дали Русија треба да ја компензира нафтата што недостига, тој рече: „Сега сѐ зависи од процената на последиците која наскоро ќе ја направат саудиските колеги, така што ќе бидат појасни размерите на влијанието врз обемот на производството“. Новак истакна дека во моментов има доволно комерцијални резерви за покривање на недостигот на нафта на среден рок. „Сега нема потреба да се преземаат некакви суперитни мерки“, рече тој.

Ноќта спроти саботата, врз погоните на саудиската нафтена компанија Saudi Aramco  беше извршен напад со помош на беспилотни летала. Ријад соопшти дека изгубил половина од произведената нафта.

Кремљ соопшти дека темата на нападот врз погоните на Saudi Aramco може да биде разгледана на средбата на рускиот лидер Владимир Путин со турскиот претседател Реџеп Ердоган и иранскиот лидер Хасан Рохани во Анкара.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња