Русија разгледува целосна забрана за извозот на дрво во Кина

Global Look Press

Москва го повикува Пекинг да се вклучи во решавањето на проблемот со нелегалната сеча. Русија не ја исклучува можноста за целосна забрана за извоз на дрво во Кина, изјави  рускиот министер за природни ресурси и екологија Дмитриј Кобилкин.

Во интервју за „Ведомости“ тој изјави дека лично побарал од кинеските правосудни органи да се вклучат во решавањето на проблемот со нелегалната сеча.

„Кина мора да разбере дека освен ако не се вклучи во решавањето на овој проблем, ние нема да имаме друга опција освен целосно да го забраниме извозот на дрво“, рече Кобилкин.

Според него, ако кинеската страна преземе конкретни чекори, овој проблем ќе биде решен.

Тој соопшти дека Русија ѝ предлага на Кина да изгради расадници долж границата и да произведува дрвја за пошумување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња