Првиот гас по цевководот „Северен тек 2“ ќе потече за Нова година

Global Look Press

Првиот човек на австриската енергетска компанија OMV Рајнер Зеле го најави денеска на прес-конференција во Виена почетокот на испорака на руски гас за Германија по гасоводот „Северен тек 2“ за 31 декември оваа година.

Како што нагласи тој, тоа ќе се случи до полноќ на 31 декември. Зеле потсети дека во овој момент 70 проценти од гасоводот е поставено на дното на Балтичкото Море. Тој додаде дека не се очекува доцнење, велејќи дека останало уште само од Данска да се добие дозвола за градба. Според него, проектот засега се вклопува како во предвиденте рокови, така и во буџетот.

Според пишувањето на медиумите, OMV во вториот квартал од оваа ја финансирал изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ во износ од 44 милиони евра. Во јуни претставниците на OMV соопштија дека Данска би можела теоретски да го одложи пуштањето во работа на гасоводот.

Гасоводот „Северен тек 2“, чии цевки поминуваат под Балтичкото Море, ќе ги поврзе Русија и Германија. Копенхаген го нарече гасоводот закана за неговиот суверенитет, истакнувајќи го порастот на зависноста на Европа од руски гас. Данска е единствената земја која сè уште не го одобрила минувањето на гасоводот низ нејзините територијални води. Другите европски земји - Германија, Шведска и Финска - веќе го сторија тоа. Гасоводот ќе ги заобиколи транзитните земји како Украина, Белорусија и Полска. Планирано е пуштањето во употреба на гасоводот да се совпадне со истекот на договорот за транзит на гас преку Украина. Москва и Киев засега не постигнаа договор за продолжување на транзитот по 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња