10 факти за Санктпетербуршкиот економски форум

Reuters
Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум е едно од најголемите најпознати бизнис-настани во Русија и има повеќе од дводецениска историја. На почетокот неговата централна тема беше интеграцијата на Заедницата на независните држави (ЗНД) во единствен економски простор, но по неколку години агендата на Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум почна да опфаќа најразлични прашања од светската економија.

1. Првиот Санктпетербуршки меѓународен економски форум се одржа во јуни 1997 година и на него се собраа само 1.500 учесници од земјите од ЗНД, при што се разгледуваа прашања поврзани со економската интеграција, со повторна изградба на економските односи кои беа разурнати по распадот на СССР и модернизација на економијата.

2. Од 1998 година во рамките на форумот почнаа да се организираат тркалезни маси поврзани со најактуелните проблеми од областа на економијата, социјалната политика и културата. Таа година на форумот за првпат учество зеде претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

3. Во 2005 година за првпат учество на форумот зеде претседателот на Русија Владимир Путин, а од 2012 година до денес тој нема пропуштени ниту едно издание на форумот. Санктпетербуршкиот меѓународен економски форум традиционално се организира под покровителство на претседателот на Руската Федерација.

4. Традиционално во рамките на форумот се потпишуваат бизнис-договори меѓу водечките руски и странски корпорации, кредитни и економски договори меѓу Руската Федерација и другите земји. Најуспешни беа 2013 и 2018 година кога беа потпишани договори за повеќе од 150 и 37 милијарди долари.

5. Форумот традиционално има девиза која се менува секоја година. Годишната девиза на форумот покажува во која насока ќе се развиваат настаните кои на ова место ќе се случуваат. На пример, во 2018 година форумот се одржа под слоганот „Создавајќи економија на доверба“ и една од неговите мисии беше брза изградба на односи на доверба помеѓу руските и странските бизнисмени. Девизата на годинашниов Форум е „Формирање агенда за постојан развој“, а беше избрана поради тоа што на маргините на форумот големо внимание ќе биде посветено на веќе постоечките енергетски проекти со Кина.

6. За да се растовари Санкт Петербург и да се намали товарот на градската инфраструктура од мешаница во 2016 година беше завршена изградбата на комплексот „Експофорум“ – голем конгресно-изложбен центар кој зазема територија од 50.000 метри квадратни. Тогаш „Експофорум“ за првпат прими гости од Санктпетербуршки меѓународен економски форум.

7. При изградбата на „Експофорум“ според нацртите кои беа зачувани на неговата територија целосно беше изградена старата Црква на Смоленската икона на Богородица, која беше урната во текот на Втората светска војна. Нејзините темели беа пронајдени од страна на градежниците на „Експофорум“.

8. Во текот на многуте години во рамките на форумот на историскиот Дворцов плоштад во Санкт Петербург беа организирани концерти на светски познати ѕвезди (!). Така во 2007 година за граѓаните и за гостите на градот пееја Скорпионс, а во 2011 година Стинг.

9. Санктпетербуршки меѓународен економски форум традиционално се одржува во северната престолнина на Русија на почетокот на летото, кога во градот можат да се видат таканаречените Бели ноќи. Како што многумина во Русија сметаат, ова е најдоброто време да се посети Санкт Петербург.

10. Во периодот на работата на форумот Руските железници мораат да пуштат уште два дополнителни брзи воза Москва-Санкт Петербург, а авионските компании организираат дополнителни линии.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња