По повод годишнината од присоединувањето: Во Русија во оптек монети од пет рубли со Кримскиот мост

Централна банка на Русија/Reuters

По повод петтата годишнина од присоединувањето на Крим на Русија, Централната банка на Русија пушти во оптек соодветна монета од пет рубли.

На задната страна на парата се наоѓа мостот преку Керченскиот теснец кој го поврза полуостровот со остатокот од Русија и чија друмска делница беше пуштена во сообраќај во мај минатата година. Во позадината на мостот е прикажана стилизирана мапа на Крим.

Како што се наведува, исковани се само два милиона вакви монети.

Не е првпат објекти кои се наоѓаат на Крим да се најдат на руските пари. Така, во 2017 година во РФ влезе во употреба банкнота од 200 рубли на која се наоѓа споменикот на потопените бродови во Севастопол и остатоци од Херсонес Тавриски. Инаку, Банката на Украина им забрани на украинските банки да примаат руски пари со прикази на Крим, објаснувајќи ја таквата одлука со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја.

Крим и Севастопол влегоа во состав на Руската Федерација врз основа на резултатите од референдумот спроведен во март 2014 година на кој огромно мнозинство граѓани се изјасни за присоединување на Крим со Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња