„Социјалниот договор може да биде ефикасен механизам на таквата поддршка (на сиромашните)“, изјави шефот на руската држава, пренесува агенцијата ТАСС.
„Државата им помага на граѓаните во вработувањето и во преквалификувањето за повисок степен на стручна спрема. Секому му се пружаат индивидуални мерки на поддршка, со тоа што примателот на поддршката и самиот презема на себе одредени обврски – да се вработи, да издржува семејство и деца. Според процените, за пет години таква поддршка можат да добијат преку 9 милиони луѓе. Ѝ наложувам на Владата на РФ да им помогне на регионите кои активно ја воведуваат праксата на склучување социјален договор“, изјави Путин објаснуваjќи го принципот на функционирање на социјалниот договор.
Рускиот претседател нагласи дека сега под границата на сиромаштија се наоѓаат околу 19 милиони граѓани на Русија, а „тоа е премногу“.
„Меѓу оние кои најчесто се соочуваат со сиромаштија се многудетните семејства, некомплетните семејства, пензионерите и луѓето кои не можат да доволно добро платена работа затоа што таква работа нема или тие немаат соодветна стручна спрема. Државата мора да им помогне на луѓето да се извлечат од таа ситуација“, додаде рускиот претседател, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче