Русија отвора индустриска зона во пристаништето Порт Саид на Суецкиот канал

Nikku/Xinhua/Global Look Press

Русија планира изградба на деловна зона на подрачјето на Суецкиот канал, најави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров. На тој начин, како што изјави тој, традиционалните трговски односи меѓу двете земји ќе бидат подигнати на повисоко ниво на комплетна индустриска соработка.

Деловната зона во Египет ќе претставува покрај тоа, според министерот, хаб за пласман на руското индустриско производство на пазарите на Блискиот Исток, Африка и другите соседни региони. Во првата фаза, до 2023 година, дваесет руски компании се заинтересирани за почнување со производство на ова место, додека вкупно 50 претпријатија планираат да учествуваат во проектот, рече министерот Мантуров.

Претпријатијата кои сакаат да организираат производство во Египет доаѓаат од најразлични области како што се фармацијата, производството на ѓубриво, градежен материјал, метални конструкции, земјоделска механизација, бродска и нафтено-гасна опрема и многу други.  Руската држава во развојот на примарната инфраструктура на индустриската зона ќе инвестира, како што се очекува, околу 190 милиони долари. Приватните инвестиции се проценуваат на седум милијарди долари.

Првите осум компании утре во Москва, на претставувањето на извозниот потенцијал на Руската деловна зона во Египет, ќе потпишат соодветен договор. Притоа ќе се одржи втората рунда разговори меѓу АД „Руски извозен центар“ и Главната управа на Економската зона на Суецкиот канал. Индустриската зона ќе се наоѓа на истокот на пристаништето Порт Саид, а нејзината изградба ќе почне до крајот на оваа година. Иако реализацијата на проектот ќе трае 13 години, веќе во 2026 година компаниите со седиште во деловната зона ќе можат да произведат роба во вредност од 3,6 милијарди долари годишно. Руските компании ќе имаат и олеснувања во поглед на енергетски ресурси, посебен даночен систем и подготвени локации.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња