Русија повторно го намали својот удел во државниот долг на САД

Global Look Press
Русија во ноември 2018 година повторно почна да се ослободува од обврзниците на Министерството за финансии на САД (US Treasuries). Тоа произлегува од статистиката што ја објави американското министерство за финансии.

Учеството на Руската Федерација во државниот долг на САД е намалено за 1,815 милијарди долари и сега изнесува 12,81 милијарди долари. Во ноември 2018 година Русија поседуваше долгорочни обврзници (кои се во оптек подолго од година дена) во вредност од 3,75 милијарди долара, а краткорочни во вредност од 9,06 милијарди долари. Претходно во октомври ги зголеми своите вложувања во хартиите од вредност на министерството на САД за 210 милиони долари, а уште порано, во септември, за 322 милиони долари.

Уделот на Русија во американскиот државен долг беше нагло намален минатата година, кога Америка ѝ го воведе на Русија априлскиот пакет санкции. Пред тоа Централната банка на РФ поседуваше 96,1 милијарди долари во обврзници, а потоа ги сведе на 48,7 милијарди долари. Потоа во мај продолжи распродажбата на US Treasuries, така што нивната вредност во посед на Централната банка на РФ опадна на 14,9 милијарди долари. Подоцна износот варираше, но беше блиску до таа вредност.

Од материјалите на американското министерство за финансии за ноември 2018 година се гледа дека најмногу државни обврзници на САД поседува Кина (1,121 билиони долари), на второ место е Јапонија (1,036 билиони долари), а на трето Бразил (311,4 милијарди долари).

Прочитајте повеќе: Зошто Русија ги продава американските обврзници?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња