До 2030 година Русија може да стане осма економски најразвиена држава на светот, прогнозираат аналитичарите на банката „Стандард Чартерд“ (Standard Chartered).
Според нивните процени, најголема економија во светот до 2030 година ќе биде Кина со БДП од 64,2 билиони долари. Второто место ќе ѝ припадне на Индија со БДП од 46,3 билиони долари, а на третото место ќе бидат САД со 31 билион долари.
Русија, според прогнозите на „Стандард Чартерд“, ќе се најде на осмото место со БДП од 7,9 билиони долари. Пред Русија ќе бидат Индонезија (10,1 билиони), Турција (9,1 билиони), Бразил (8,6 билиони) и Египет (8,2 билиони), но не и Јапонија и Германија (7,2 билиони, односно 6,9 билиони), што значи дека Русија ќе биде најголемата економија на Европа.
Седум од десетте први места 2030 година ќе им припаднат на сегашни земји во развој, заклучуваат аналитичарите на банката „Стандард Чартерд“.
Економијата на Русија според податоците 2017 година го зазема шестото место во светот по БДП по глава на жител (4008 милијарди долари). Номиналниот БДП на Русија во 2017 изнесуваше 1527 милијарди долари и според тој показател Русија е на 12 место во светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче