1. Работите произведени во Кина можат да се најдат во продавниците ширум светот. За фармерките, маиците и другите производи да стасаат побрзо во Европа во 2016 година беше пуштена во работа најдолгата товарна железничка пруга на светот. Таа ги спојува кинескиот град Јиву и Мадрид.
2. За 18 дена возот минува 13.261 километар, со тоа што половина од времето го поминува на територијата на земјите од Евроазискиот економски сојуз – Казахстан, Русија и Белорусија каде за пет и пол дена поминува 5.430 километри (како, на пример, од Париз до Дубаи).
3. Потоа возот продолжува во Европа каде патот се разгранува на над 50 различни линии. Некои од нив водат во Полска, во Германија и во Велика Британија.
4. Не е лесно да се организира транзит на воз низ неколку земји. Во Евроазиската економска унија со логистиката на оваа линија се занимава „Обединетата транспортно-логистичка компанија – Евроазиска железничка алијанса“ (ОТЛК ЕРА) заедно со локалните железнички компании на Русија, на Казахстан и на Белорусија.
5. За ваква композиција не е лесно да се организира ни решавањето на царинските прашања и диспечерската контрола. Во Русија и во земјите на поранешниот СССР пругите се нешто пошироки (оддалеченоста на шините изнесува 1.520 милиметри), додека во Кина и во Европа се потесни (1.435 милиметри). Поради тоа за време на ова патување контејнерите двапати се претовараат во „пошироки“ и во „потесни“ вагони.
6. Возот запира поради промена на ширината на пругата, но и поради технички преглед, промена на локомотивата и екипата. Поради тоа композицијата се здржува на границите помеѓу Кина и Казахстан, Русија и Полска или Белорусија и Полска (во зависност од линијата). На границата може да се задржи од 4 до 21 час. Низ територијата на Евроазиската економска унија возот патува без запирање на границите.
7. И покрај задржувањето на границите транзитниот превоз на товарот по железница е два-три пати побрз од морскиот пат, и речиси пет пати поевтин одошто со авион. На пример, испраќање контејнер од Кина за Хамбург трае од 30 до 45 дена.
8. Компанијата ОТЛК ЕРА превезува над 70% од транзитниот товар преку територијата на Евроазиската економска унија по пруга со широчина од 1.520 милиметри, што е 300 возови месечно. Секој ден се движат по 70 возови.
9. Според податоците на ОТЛК ЕРА, во 2017 години по пругите на Русија, на Казахстан и на Белорусија во транзитен сообраќај на линијата Кина – Европа – Кина превезени се над 279.00 ТЕУ (единица во која се мери носивоста на товарните сообраќајни средства). Во истиот период преку море од Азија во Европа и обратно се превезени 23 милиони ТЕУ. Товарните контејнери помеѓу Азија и Европа се превезуваат главно по морски пат кој традиционално е главната артерија на купувачите на светската трговија со индустриски производи.
10. Сепак, како што рече претседателот на компанијата ОТЛК ЕРА Алексеј Гром, железницата покрај брзината има предност и во отсуството на ограничувања поврзани со видот на товарот што може да се превезува, за разлика од морските патишта каде временските услови можат да предизвикаат деформација на стоката. „Наше целен сегмент секогаш ќе биде товарот кој е чувствителен на рок и на ритмичност во испораката. Ние превезуваме автомобили и автомобилски делови, домашни и електронски уреди, мебел и облека, храна и фармацевтски производи, односно главните ставки на трговскиот промет помеѓу Кина и Европската Унија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче