Зошто на руската војска ѝ се потребни подвижни банкомати?

Владимир Трефилов/Sputnik
И каква врска има тоа со борбените дејствија во Сирија?

За Вооружените сили на Русија е направен нов систем на мобилен банкомат за воени потреби. Се наведува дека е „монтиран на шасија на камион КамАЗ“. Комплексот го сочинуваат уред за издавање на банкноти, мобилна канцеларија со благајна и станица за сателитска и радио-врска. 

Во кои случаи ќе биде користен?

Денес сите припадници на војската имаат банкарски картички. Воената банкарска картичка (најчесто на банката ВТБ-24) од 2012 година ја добиваат регрутите уште во воениот отсек. Главен проблем беше подигнувањето на готовина, затоа што нема банкомати во сите воени единици, каде што обично се наоѓаат во штабот. Понекогаш нема банкомат ни во најблиските населби. За да им се овозможи на војниците да подигаат пари, командантите мораа да организираат групни одења „по кеш”.

И припадниците на воската од составот на руските Воздушно-космички сили во Сирија, каде нема многу банкомати, сакаат да ги добиваат своите „макотрпно стекнати пари“.  

Еден од првите воени банкомати на камион КамАЗ веројатно ќе стигне токму во Сирија (можеби со зајакната оклопна заштита).

Министерството за одбрана на Русија планира системот на мобилна банка за воени потреби да го користи на маневри и воени походи. Ваквиот „оклопен банкомат“ ќе биде корисен и во странските воени бази на руската војска, особено во Абхазија, Ерменија, Сирија и Јужна Осетија.

Со други зборови, кога на сметката на војникот или офицерот ќе легнат пари, тој со помош на новиот мобилен систем ќе може да ги подигне дури и во борбена состојба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња