Шојгу: Брендот „Армија на Русија” сѐ попопуларен во странство

Рамиљ Ситдиков/Sputnik

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека брендот „Армија на Русија” стекнува сѐ поголема популарност не само во Русија, туку и во странство.

„Воената трговија денес има сосем ново лице кое, меѓу другото, го претставува и новиот бренд „Армијата на Русија“. Облека од овој бренд носат сите: и деца, и возрасни, и мажи, и жени, и старци. Кога ќе го видам овој бренд некаде далеку во странство, задоволен сум што го произвела нашата воена индустрија“, рече Шојгу на свеченоста посветена на 100-годишнината на воената трговија во Централниот театар на руската војска.

Според него, во другите земји постои интерес за набавка на дополнителна продукција под брендот „Армија на Русија“. Како што истакна министерот, последен пат за тоа се зборувало во Кина, пренесуваат медиумите.

Шојгу исто така им се заблагодари на своите соработници и ветераните на воената трговија за големите успеси. Посебна благодарност им упати на ветераните кои работеле за време на војната.

„Моментот кога го одбележуваме почетокот на воената трговија е значаен и тежок за нашата земја. Тоа е кулминацијата на Граѓанската војна, кога е донесена одлука за формирање на системот за воена трговија. Во текот на изминатите години вие направивте многу. Вие сте и дење и ноќе со секој офицер, со секој војник на нашата војска. Вие водите сметка за тоа тие секогаш да бидат сити и да имаат добри униформи“, изјави рускиот министер за одбрана.

Прочитајте повеќе: Фешн полис: Облечете се како руски специјалец

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња