Пристаништето во Астрахан
Global Look PressРусија, Индија и Иран имаат во план до крајот на овој месец да го разгледаат отворањето на меѓународниот транспортен коридор Север-Југ, јавува иранската телевизија Press TV, пренесуваат руски медиуми.
Проектот е замислен како пократка и поевтина алтернатива на Суецкиот канал. Како што се наведува, должината на коридорот ќе изнесува 7200 километри, а ќе подразбира и железнички и воден сообраќај. Робата од Индија ќе се праќа во иранскиот град Бендер Абас на брегот на Персискиот залив, од каде ќе патува до Бендер Ензели на брегот на Каспиското езеро и понатаму по морски пат до Астрахан, па со железница во Европа.
Бидејќи проектот е осмислен како поевтина и пократка алтернатива на Суецкиот канал, времето и цената на транспортот ќе се намалат за 30 до 40 отсто. Така, во споредба со Суецкиот канал, робата од Мумбај до Москва преку коридорот Север-Југ ќе патува дваесет дена помалку. Како што се очекува, по новиот пат годишно ќе се транспортираат 20 до 30 милиони тони товар.
Министерот за трговија и индустрија на Индија Суреш Прабху изјави дека со користењето на новиот коридор би требало да се почне што побргу. Пробните испораки по новиот пат веќе беа извршени во 2014 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче