Руски пратеник ги спореди печурките и бобинките со нафта и гас

Vostock-Photo

Шумските печурки и бобинки не се помал ресурс на Русија од нафтата или од гасот, изјави претседателот на комитетот на Државната дима за природни ресурси, имот и сопственички односи над земјиштето Николај Николаев.

Николаев истакна дека во Русија се користат само 1.5-3% од печурките и бобинките што растат во природата, иако тоа е „исто толку голем ресурс за земјата како и нафтата или гасот“, пренесуваат медиумите.

Тој предложи повторно да се воведат откупни станици за луѓето да можат да заработуваат на нив.

Според него, во шумите растат над 13 милиони тони печурки, бобинки и костенливо овошје од кои половина можат да се соберат.

Тој исто така смета дека треба да се развиваат ловиштата, од кои би можело да се развие цела индустрија.

Николаев во јуни најави дека Државната дума ќе поднесе предлог-закон со кој на граѓаните ќе им се дозволи да продаваат печурки и бобинки собрани во шумите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња