Церемонијата на почеток на извоз на јапонска роба во Русија преку Трансибирската железница се одржа денеска во пристаништето Јокохама.
„Ова е важен настан на годината која е прогласена за година на руско-јапонската соработка. Проектот во буквална смисла ги поврзува нашите земји. Министерството за транспорт на Јапонија и „Руски железници“ направија многу да го овозможат проектот“, изјави заменик-министерот за економски развој на Русија Сергеј Горков.
Проектот ќе биде симбол на руско-јапонското пријателство и мост меѓу земјите, додаде тој.
Заменик-министерот за инфраструктура, транспорт и туризам на Јапонија Тошихиро Мацумото од своја страна рече дека Транссибирската железница има голем потенцијал за развој на двете земји.
„Јапонските компании сѐ повеќе се интересираат за оваа магистрала“, додаде тој.
Весникот „Јомиури Шинбун“ пишуваше дека Москва и Токио сакаат да привлечат што повеќе јапонски компании за превоз на роба преку Транссибирската магистрала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче