Обновата на Капитолот во Хавана ќе ја чини Русија околу 10 милиони долари

Jens Kalaene/Global Look Press

Според пишувањето на рускиот весник РБК, администрацијата на Кремљ одбра изведувач на работите за обнова на куполата на Капитолот, едно од централните зданија во стариот дел на кубанскиот главен град Хавана, чија 90-годишнина од отворањето ќе се прослави догодина.

Предвидено е работите да почнат овој месец и да траат до пред крајот на наредната годна, а ќе се финансираат од рускиот федерален буџет. Трошоците според важечкиот курс ќе изнесуваат околу 9,6 милиони долари (642 милиони рубли). Треба да се каже дека руската иницијатива е всушност одговор на барањето на кубанските парламентарци Русија да помогне во обновата на куполата на Капитолот. Претседателот на Советот на Федерацијата (горниот дом на рускиот парламент) Валентина Матвиенко вети помош во мај 2016 година при средбата со високите кубански официјални лица.

Трошоците за реставрацијата првично беа проценети на 360 илјади долари (20 милиони рубли), меѓутоа, на 16 август на официјалниот сајт за јавни набавки беше објавена конечната цена на проектот.

Изградбата на Капитолот, кој го краси стариот дел на кубанскиот главен град во близина на Главниот парк и театарот, почна 1926 година и беше завршена три години подоцна. Висок 92 метри до педесеттите години на минатиот век Капитолот беше највисоката зграда во Хавана. Парламентот заседаваше таму до 1959 година, а по победата на револуцијата е претворен во конгресен центар со слободен пристап.

Реставрацијата трае осум години и треба да биде завршена до ноември 2019 година, кога се слави 500-годишнината на Хавана. Според директорот на Историското биро на Хавана, руските стручњаци се повикани да ја извршат реставрацијата на позлатената купола поради нивното големо искуство стекнато во работата над руските цркви. Тој изјави дека Капитолот повторно ќе биде користен за седници на Народното собрание.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња