Русија извезува повеќе храна отколку тенкови, но не сите земјоделци се среќни

Reuters
Последниве години руските земјоделски производи го надминуваат извозот на оружје и воена техника на светскиот пазар. Успехот може да им се припише на основните предности на државата како што се плодната земја и ниските цени на производите, но овој извоз во голема мера е предизвикан и од девалвацијата на рубљата последниве години.

Минатата недела агенцијата РИА „Новости“ пишуваше дека оваа година, според прогнозите на аналитичкиот центар „Совекон“ (Совэкон), руските земјоделски производи можат да постигнат рекорд од 133 милиони тони. Медиумите истакнаа дека Русија нагло станува лидер меѓу производителите на земјоделски производи во светот. Навистина, податоците на Федералната царинска служба на Русија покажуваат дека обемот на експорт во јануари 2017 пораснал за 41,9% во споредба со истиот период лани.

Како што вели Иван Рубанов, директор на аналитичката група на владиниот комитет за земјоделство, Русија е сега главниот извозник нaa пченица и ’рж и е меѓу најголемите извозници на јачмен, зоб и други житарки. „Нашиот експорт на земјоделски производи веќе некое време го надминува експортот на оружје“, изјави Рубанов. 

Аркадиј Злочевски, претседател на Сојуз на производители на жито на Русија ја потврдува таквата состојба на нештата. „Нашето рекордно ниво беше 19 милијарди долари 2014 година. И покрај падот на извозот по кризата, сѐ уште гледаме дека извозот на земјоделски производи е поголем во споредба со извозот на оружје и воена техника“, изјави тој за Russia Beyond.

Зошто е производството во пораст 

Извозот на земјоделски производи е во пораст затоа што домашниот пазар нем потреба од вишок на производи, објаснува Рубанов. „Оваа година експортот на земјоделски производи може да достигне 40 милиони тони, а тоа е нов рекорд“, вели тој. 

Постојат два фактори кои ја обезбедуваат руската конкурентска способност на светскиот пазар. „Тоа се залихите од на хранлива материја во земјата и евтината работна рака, со што всушност не се гордееме“, истакнува Злочевски. „Сепак овие фактори не беа доволни за да ја задоволиме побарувачката. Дури 2014 година со девалвацијата на рубљата добивме дополнителна потпора“.

Рубанов се согласува: „Падот на рубљата ја зголеми нашата конкурентска способност. Тоа значително ја намали цената на домашната логистика, која е многу скапа кога се работи за извоз на житарки“.

Добро или лошо? 

И покрај рекордниот извоз, земјоделците не се среќни. „Што направија властите? Воведоа данок на извоз за да ги смират цените на домашниот пазар (2015 година - RB). Но домашните цени само се обидуваа да ги следат меѓународните цени“, објаснува ли Злочевски. „Инаку тие беа во опаѓање“.

Како што покажува статистиката на Светската банка, цената на пченицата падна од 284,9 долари за тон 2014 година до 166,6 долари за тон 2016 година. Оваа година цената малку скокна и достигна 202,5 долари во август.   

„Високото ниво на извоз на житарки доведе до тоа цената да падне, а тоа направи и приходот од рускиот извоз да биде помал“, вели Рубанов.

Како понатаму ќе се развива ситуацијата зависи од властите, смета Злочевски. „Ако имаме добра економска политика, ќе се развиваме. Ако немаме, нема да ги исполниме нашите прогнози за извоз, како ни минатата година“, се жали тој.

Минатата година руските производители планираа да извезат 42,5 милиони тони житарки, но беа извезени само 37 милиони тони. Тоа беше историски рекорд, но 5 милиони тони останаа на домашниот пазар и ги притискаа домашните цени“, објаснува Злочевски. 

Рубанов верува дека овој вишок на жито би морал да биде главната задача за руската влада. „Тие мораат да бараат нови пазари или да ги заменат постојните“, објаснува тој. „Мораат да го стимулираат барањето поевтини начини на исхрана на стоката, преработката на житарките (да ги задоволат потребите на прехранбената индустрија, хемиската индустрија и производството на биогориво), и да го искористат вишокот храна за давање хуманитарна помош на други земји.“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња