Министерството за финансии на РФ на 21 август објави дека се вратени последните заостанати надворешно долгови кои се наследени од СССР. Имено, на 8 август Министерството за финансии уплати 125.2 милиони американски долари на Босна и Херцеговина за стоката која СССР ја увезуваше од Југославија, а ја немаше платено. Така е ставена точка на еден голем проблем на современа Русија.
На почетокот обврските за враќање на долговите на поранешниот СССР беа распоредени на сите републики, но сите тие во 1993 година се откажаа од советските надворешни активи во корист на Русија, а со тоа се ослободија и од обврската да ги плаќаат советските долгови. Во тоа време долговите на поранешниот СССР изнесуваа 105.5 милијарди американски долари, соопшти Централната банка на Русија.
Кога кон крајот на 20 и на почетокот на 21 век цената на нафтата скокна, Москва започна постепено да се извлекува од „була“.
„Советскиот Сојуз интензивно позајмуваше пари од други земји за купување западна опрема и фармацевтски производи, и за секојдневно пополнување на буџетот“, објаснува Алексеј Михеев, директор на Центарот за развој на иновациски бизнис и претприемништво. „Овие долгови започнаа да растат во текот на осумдесеттите години од минатиот век кога цената на нафтата падна и земјата мораше да ја поддржи неефикасната економија, и воедно да им помага на другите комунистички режими во целиот свет“.
Покрај странските кредити, вкупниот дол подразбираше и обврзници во национална валута, обврзници на банката „Внешекономбанк“, како и кредити добиени од Лондонскиот клуб на доверители, додава Роман Аљохин, директор на маркетинг-агенцијата „Аљохин и партнерите“
Советскиот буџет не беше доволно голем за да ги покрие сите тие долгови, така што по распадот на земјата ги наследи Русија.
Најголемо „парче“ од долгот беше сумата од 47.6 милијарди долари, според состојбата од 1994 година. Тоа беше долг кон партнерите од Парискиот клуб на доверители (големите индустриски развиени земји, главно европските држави и САД). Кога цената на нафтата скокна, Москва успеа да го исплати овој долг до 2006 година, така што 38.7 милијарди долари исплати пред предвидениот рок и на тој начин заштеди 7.7 милијарди долари кои кредиторите се согласија да ги отпишат или да ги заменат за стоки и услуги.
Потоа Русија во 2009 година го врати остатокот од долгот во висина од еден милион американски долари. Тоа е долг кон Лондонскиот клуб на доверители, односно главно на комерцијалните банки од Западна Европа, САД и Јапонија. Станува збор за пари кои „Внешекономбанк“ ги има земано сè до 1991 година.
Кога станува збор за другите земји, долгот е исплатен врз основа на билатерални спогодби, понекогаш не во готовина, ами со стоки и услуги. Во изминатава деценија Русија ги врати долговите од советскиот период на следниве земји:
Словенија – 129.2 милиони американски долари во 2007 година (исплатен со испорака на стока)
Обединети Арапски Емирати – 470 милиони американски долари во 2007 година (делумно е исплатен со испорака на индустриски производи)
Хрватска – 185.7 милиони американски долари во 2011 година (исплатен со испорака на високотехнолошки производи и енергетска опреме за термоелектраната Сисак)
Чешка – 3.6 милијарди американски долари во 2013 година
Унгарија – 18 милиони американски долари во 2013 година (делумно исплатен си испорака на индустриски производи)
Финска – 30 милиони американски долари во 2013 година (делумно исплатен со испорака на индустриски производи)
Словачка – 1.7 милијарди американски долари во 2013 година (делумно исплатен со испорака на индустриски производи)
Србија – 288.8 милиони американски долари во 2013 година (делумно исплатен со испорака на индустриски производи)
Кина – 451.1 милиони американски долари во 2015. година (делумно исплатен со испорака на индустриски производи и истражувања во областа на медицината)
Кувајт – 1.1 милијарда американски долари во 2016 година (плус во високотехнолошки производи 620 милиони долари)
Македонија – 60.6 милиони американски долари во 2017 година (исплатен со испорака на индустриски производи и услуги)
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче