Како руските инженери придонесуваат за развојот на Боинг и Ербас?

Владимир Песнја / РИА Новости
Двата најголеми производители на авиони во светот, Боинг и Ербас, имаат инженерски центри во Русија. Инженерите во овие центри допринеле за проектирањето на многу патнички авиони, вклучувајќи ги и најновите Боинг 787 Dreamliner и A350 XWB.

На почетокот на август сосема новиот Боинг 787-10 на американското небо исцрта своја огромна силуета како тест за издржливоста на своите нови мотори Rolls-Royce Trent 100. Со оглед на тоа дека Боинг е американска компанија, многу малку луѓе знаат дека голем број функции на овој авион всушност ги разработиле руски инженери во Москва.

Да го погледнеме споменатиот 787. Неговиот нос, внатрешните делови, системот за инсталација (како што се системот за климатизација, системот за гориво и електричниот и хидрауличниот систем), пилоните, врската помеѓу крилјата и трупот и контролната површина на крилјата ги имаат дизајнирано инженери од филијалата на Боинг во Русија, од конструкторскиот центар на Боинг (Boeing Design Center - BDC) во кој се вработени 200 воздухопловни инженери.

Силуета на авионот над територијата на САД, посебен лет на авионот на Боинг Dreamliner 787-8. Извор: РојтерсСилуета на авионот над територијата на САД, посебен лет на авионот на Боинг Dreamliner 787-8. Извор: Ројтерс

787 не е единствениот авион кој е тука проектиран. Конструкторскиот центар на Боинг во Москва е најголемиот конструкторски центар за проектирање на воздухоплови со поддршка на компјутер надвор од САД и има учествувано во стотина проекти на Боинг, вклучувајќи ги:

  • 767-200SF
  • 747-400BCF
  • 737-900ER
  • 777-300ER/200LR
  • 747-400LCF
  • 747-8F/-8I
  • 787-8/9/10 Dreamliner

Освен тоа, главниот руски придонес (освен деловите за 787) претставува конструкцијата, внатрешноста и дизајнот на системот за моделите 747-400 BCF, 777-200 LR и 777-300 ER, како и дизајнот на товарниот авион 747 LCF (Large Cargo Freighter).

Во моментов конструкторскиот центар на Боинг во Москва работи на примарните структури на трупот, како и на нападните и на излезните агли на крилјата на идната серија 777Х.

Модифициран Боинг 747-400 Virgin Orbita, Cosmic Girl. Извор: Боб Риа Помладиот / Getty ImagesМодифициран Боинг 747-400 Virgin Orbita, Cosmic Girl. Извор: Боб Риа Помладиот / Getty Images

Боинг не е единствената корпорација во светот на воздухопловната индустрија која има полза од руската стручност во инженерството.

Ербас, европскиот производител на комерцијални авиони, исто така има свој конструкторски центар во Москва. Основан е во 2003 година како заедничко претпријатие на Ербас и на руските компании АФК „Система“ и КАСКОЛ Груп. Инженерскиот центар на Ербас во Русија (ECAR) е првиот што компанијата го има отворено надвор од Европската Унија.

Зошто странските компании го бараат рускиот талент? За тоа постојат повеќе причини, вели Александар Кирејцев, генерален директор на ECAR.

„Руската инженерска школа е широко призната насекаде во светот, а нашите стручњаци имаат исклучителни квалификации“, вели тој за „Руска реч на македонски“. „Покрај другото, во тоа време (2003) Ербас сакаше да воспостави врска со руските производители, па основањето инженерски центар беше еден од начините да го постигне тоа. Конечната одлука падна на производството на определени делови за авионите на Ербас во Русија и оттогаш успешно работиме на тоа“.

Навистина, европскиот производител на авиони соработува со руските компании како што се Корпорацијата Иркут, компанијата за производство на трапови Гидромаш и рускиот производител на титаниум ВСМПО-Ависма.

ВСМПО-Ависма исто така соработува со американскиот Боинг. Нивното заедничко претпријатие на Урал во моментов произведува ковани делови за Боинг од сериите 737, 777 и 787. Во декември 2016 година компаниите се договорија да изградат и втор погон во специјалната економска зона Титаниумска долина, која ќе биде отворена во 2018 година.

Павел Лисицин / РИА НовостиПавел Лисицин / РИА Новости

„Тешко е точно да се процени придонесот на нашиот центар во конечниот производ на Ербас, но една работа можам да кажам со сигурност: денес над 4.000 авиони со наш дизајн летаат на небото“, истакнува Кирејцев. „Исто така работиме многу проекти за компании во други индустрии, вклучувајќи ја и нуклеарната енергетика, железничката индустрија и машиноградбата“.

Во текот на изминатите години руските стручњаци од конструкторскиот центар на Ербас во Москва имаат придонесено во сите серии на авионот, вклучувајќи ги:

  • A320/A319/A321 serial
  • A320/A319/A321 Sharklet
  • A320/A319/A321neo
  • A321 Cabin Flex
  • A330-200/300 serial
  • A330-200 GMF
  • A330neo
  • A350XWB-900
  • A350XWB-1000
  • A380./ч

Реализирани се повеќе од 120 проекти. Според Кирејцев, 80% од инженерската работа на новиот А330-200 GMF (General Market Fighter) исто така ги имаат реализирано инженерите на Инженерскиот центар на Ербас во Русија.

Новиот патнички млазен авион A350 XWB (eXtra Wide Body), главен конкурент на авионот на Боинг Dreamliner,исто така е проект во кој рускиот центар учествува од самиот почеток.

„Работевме на интеграција на задните делови на трупот, развивавме модули за прицврстување на системи и полици за багаж, како и внатрешни и други помали функции на авионот“, вели Кирејцев за „Руска реч на македонски“.

Според него, за време на работата на овој проект рускиот тим има осмислено бројни иновации, така што менаџментот на Ербас има добиено пофалби и награди. За жал на руската воздухопловна индустрија, сите патенти, секако, се регистрирани како сопственост на европските компании.

Од 200 постојано вработени кои работат за Инженерскиот центар на Ербас во Русија, голем дел од нив имаат дипломирано на Московскиот воздухопловен институт при Московскиот државен технички универзитет „Н.Е. Бауман“ и на Рускиот државен технолошки универзитет „К.Е. Циолковски“. Ситуацијата е слична и со конструкторскиот центар на Боинг во Москва. Во него работат 250 постојано вработени, а ангажирани се и 1.200 инженери од руските и од украинските инженерски бироа и приватни компании. Поголемиот дел од постојано вработените што работат во центрите на Боинг и на Ербас во Москва, вклучувајќи ги и генералните директори, се руски државјани.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња