Функција: градоначалник на Тољати
Поткуп: $ 6 милиони
Јуриј Стрелец / РИА Новости
На 1 мај 2007 година во Тољати се уапсени градоначалникот Николај Уткин и шефот на градската управа за земјишни ресурси Наталија Немих. Според податоците од истрагата тие побарале од сопственикот на ДОО „Строј-Финанс“ поткуп од 150 милиони рубли за обезбедување дозвола за изградба на земјиште со површина од 150 хектари. При преносот на дел од мито во износ од 25 милиони рубли е задржан посредникот на службениците Александар Сидоров. На 12 февруари 2008 година Самарскиот окружен суд ги осудува Николај Уткин и Александар Сидоров на 7 години затвор, а Наталија Немих – 8.5 години. На 9 јуни 2012 година поранешниот градоначалник излегува на слобода со условно предвремено ослободување (УДО), а по една година е ослободена и Наталија Немих.
Функција: заменик-главен обвинител на Северниот административен округ на град Москва
Поткуп: $ 3 милиони
Андреј Стенин / РИА Новости
На 17 декември 2008 година во московски ресторан е уапсен заменикот на обвинителот на Северниот административен округ на главниот град Вјачеслав Трофимов. Според податоците на истрагата тој побарал $ 3 милиони од сопственик на московски автосалон за прогласување за незаконско кривичното дело за шверц. Работникот на обвинителството е уапсен со обележани пари при предавањето на првиот дел од сумата во износ од $ 100.000. На 8 декември 2010 година Головинскиот суд во Москва го осуди Вјачеслав Трофимов на 13 години и 6 месеци затвор, при што на оштетениот бизнисмен треба да му биде исплатена сума од 14 милиони рубли. Во март 2011 година пресудата е намалена од судот на една и пол година.
Функција: раководител на одделот на пензискиот фонд на Руската Федерација за Санкт Петербург и за Ленинградска област
Поткуп: $ 1.9 милиони
Комерсант
На 18 февруари 2010 година во Санкт Петербург е приведена шефицата на регионалниот оддел на пензискиот фонд на Руската Федерација Наталија Гришкевич. Ова се случува како дел од истрагата за кривично дело на поранешниот шеф на банката ВЕФК Александар Гитељсон. Според верзијата на истрагата чиновничката добила од Александар Гитељсон мито од $ 1.9 милиони за таа, спротивно на одредбите во законодавството, да ја води сметка на Министерството во трговската банка ВЕФК, а не во експозитура на единицата на Централната банка. На 16 јуни 2015 година Приморскиот суд на Санкт Петербург ја прогласи Наталија Гришкевич за виновна за добивање поткуп во особено големи димензии. Таа е осудена на 10 години затвор и парична казна од 950.000 рубли.
Функција: истражител за особено важни случаи во московската меѓурегионална истражна управа за транспорт на Истражниот комитет на Руската Федерација
Поткуп: $ 1.5 милиони
Андреј Стенин / РИА Новости
На 25 мај 2010 година во Москва на работното е притворен Григориј Домовец, истражител за особено важни случаи во московската меѓурегионална истражна управа за транспорт на Истражниот комитет на Руската Федерација. Според верзијата Домовец добил поткуп од $ 1.5 милиони, за да не биде најдена одговорност на првиот човек на еден од ладилниците во Москва за тужбата за шверц со месо. Во случајот фигурираат и други раководители на управата, но подоцна тие беа ослободени. На 26 ноември 2010 година Московскиот градски суд го осудува Григориј Домовец кој соработувал со истрагата, на три години затвор. Во јануари 2011 година Врховниот суд ја менува пресудата со условна.
Функција: сити-менаџер на Ставропољ
Поткуп: $ 1.5 милиони
ТАСС
На 2 февруари 2012 година во Ставропољ беше уапсен сити-менаџерот Игор Бестужев. Против него беше покренато обвинение за обид за изнудување 50 милиони рубли за пренос на општинско земјиште во приватна сопственост за изградба на трговско-забавен центар. На 24 јули 2014 година Октјабрскиот окружниот суд на Ставропољ го прогласи поранешниот службеник за виновен за изнудување и примање поткуп во два случаи од 52 милиони рубли. Игор Бестужев беше осуден на 9 години затвор со издржување на рокот во затвор со строг режим, а исто така му беше наложено и да плати казна од 500 милиони рубли.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче