Ќе успеат ли казината во Сочи да привлечат странци?

Shutterstock / Legion-Media
Руските власти се надеваат со помош на казината да ги привлечат кинеските туристи и да ги исплатат објектите изградени за Олимписките игри во 2014 година.

Руските власти одлучија да направат коцкарски зона во Сочи. Соодветните одредби беа потпишани од премиерот Дмитриј Медведев кон крајот на август 2016 година.

Според овој документ површината на коцкарската зона ќе изнесува 165 илјади квадратни метри и ќе се наоѓа во планинскиот дел на градот, каде се наоѓаат двете планински одморалишта „Горки город“ и „Роза Хутор“. Планирано е зоната да биде отворена кон крајот на 2016 година.

Законот кој дозволува да се направи таква зона беше усвоен уште во 2014 година. Тој овозможува олимписките објекти изградени од приватни инвеститори да се користат како казина.

Од 1 јули 2009 година објектите за игри на среќа во Русија се дозволени само на територијата на специјални зони, вклучувајќи го Далечниот Исток, во Калининградската област, во центарот на Сибир - во Алтајски крај и на брегот на Азовско Море во јужниот дел на земјата.

„За отворање на зона за игри во Сочи одамна лобираа претставници на бизнисот со игри, а исто така и бизнисмени од Сочи“, вели Тејмураз Вашакмаѕе, доцент на Институтот за бизнис и бизнис администрација при Руската академија за народно стопанство и државна служба.

Главни причини

Во руската влада сметаат дека отворањето на казина ќе им овозможи побрзо да се исплатат олимписките објекти. „Активниот развој на ваква зона во Сочи ќе започне уште кон крајот на 2016 година, со оглед на очекуваното подобрување на економската конјуктура во земјата како целина“, вели финансискиот аналитичар од „Финам“Тимур Нигматулин. Според него, развојот на зоната ќе им овозможи на приватните и на државните компании да ги исплатат објектите изградени за Олимпијадата.

Главен кредитор при изградбата на објектите е главната државна институција за развој на земјата – „Внешекономбанк“. Владата им дозволи на компаниите кои граделе објекти за Олимпијадата, да не плаќаат камата на овие кредити до крајот на 2015 година. А, тогашниот претседател на банката Владимир Дмитриев го проценуваше дека вкупниот обем на „Олимписките кредити“ на 240-250 милијарди рубли (3.7-3.9 милијарди американски долари).

Во февруари 2016 година шефот на банката беше отпуштен, како една од причините за тоа аналитичарите го наведуваат фактот дека не може да се справи со олимписките кредити.

Можните клиенти на казината во Сочи се кинеските туристи.

Авиокомпанијата „Тибет ерлајнс“ (Tibet Airlines) планира во ноември да отвори редовна линија на маршрутата Сочи - Чанду (провинција Сечуан). Како што прецизираат од компанијата, летовите се наменети првенствено за Кинезите, кои уплатиле комбинирани патувања. Не се исклучува можноста во иднина кинеските туристи да можат да си купат токени со јуани. Во јуни оваа година руската влада истовремено на неколку министерства им наложи да подготват нов закон со кој ќе се овозможи на територијата на овие зони да се вршат плаќања во девизи.

Можна конкуренција

Во јужна Русија веќе има изградено една коцкарска зона – „Азов Сити“, која се наоѓа на брегот на Азовско Море. Во 2010 година тука беше отворено и првото казино – „Оракул“.

Инвеститорот на проектот - компанијата „Ројал тајм груп“, планираше до 2018 година да вложи во „Азов Сити“ 10 милијарди рубли (154 милиони американски долари) за да изгради уште два комплекса со хотели и казина. Но, поради отворањето на коцкарската зона во Сочи беше донесена одлука „Азов Сити“ да се затвори. Администрацијата на Краснодарскиот крај, каде што се наоѓаат и Сочи, и „Азов Сити“, ги оцени загубите на компанијата-инвеститор на 8.6 милијарди рубли (133 милиони американски долари). Но, засега овие средства не се издвоени.

Згора на тоа, во мај 2016 година, рускиот претседател Владимир Путин го продолжи рокот на коцкарската зона до 1 јануари 2017 година. „Отворањето на комплексот казина во Сочи ќе ги преземе првенствено клиентите на Азов Сити“, вели Тејмураз Вашакмаѕе.

Недалеку од Сочи се наоѓа и грузискиот град Батуми, кој има своја коцкарска зона. „Ако се споредува со Батуми, Сочи не може да му биде сериозна конкуренција. Во Батуми, освен локалното население и туристите од Русија, пристигнуваат и многу играчи од Турција, Иран и Азербејџан“, смета Вашакмаѕе.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња