Што ќе стане со нафтата по неуспехот од Доха?

EPA
Руските експерти подвлекуваат дека средбата на земјите-извознички на нафта во Доха не треба да се смета за неуспех, со оглед на тоа дека резултатот бил предвидлив. Многу поважна улога одиграа претходните два месеци за неговата подготовка. Умесните интервенции ја покачија цената на нафтата, во играта беа вклучени и фундаменталните фактори кои ја заживеаја побарувачката за оваа суровина.

Берзите на суровини практично не одреагираа на средбата во Доха – цената на нафтата се колебаше во рамките на дневната грешка и изнесуваше 41 американски долар за барел. „Тоа значи дека резултатите од преговорите не му да дадоа јасни ориентири на пазарот, така што шпекулантите во иднина нема да реагираат на ваквите средби“, појаснува Александар Пасечник, раководител на аналитичката управа „Фонд за национална енергетска безбедност“ (ФНЕБ).

Според него, во блиска иднина цената на нафтата ќе се движи во рамката помеѓу 40 и 45 американски долари и ваквиот дијапазон на цените се сосема поднослив за рускиот буџет.

Зошто нафтата се крена од дното?

Нафтените котирања успеаја да излезат на ниво кое е подносливо за рускиот буџет во последниве два месеци, односно додека се подготвуваше катарската средба. Разговорите за можноста за замрзнување на нивото на експлоатацијата за клучните земји-извозници започнаа кон средината на февруари. Од тој момент цената на нафтата започна да се искачува од 32 (16 февруари) на 44 (12 април) американски долари за барел.

Впрочем, се вмешаа и фундаменталните фактори, забележува Александар Пасечник.

Инвестициите во сложените проекти (разработка на нафтата од шкрилци и на шелфовите) се одложени. Ова веќе создава ограничувања за понудата на нафтата. Освен тоа, периодот на ниските цени на нафтата предизвика побарувачка. Кина, на пример, во првиот квартал година крена паника за увоз на нафта – тоа исто така ја стимулира светската побарувачка.

„Севкупно овие фактори го јадат ефектот на преоптоварување кој постоеше на пазарот на почетокот на јануари (2 милиони барели дневно беа вишок). Ваквите вишоци сега се помали“, резимира Пасечник.

Кои фактори ќе влијаат во иднина на нафтата?

„Нафтениот пазар може да го фати треска, со оглед на тоа дека постојат уште три непредвидливи фактори кои влијаат врз нејзината цена“, смета Сергеј Правосудов, директот на Институтот за национална енергетика.

„Цените ќе зависат од тоа колку ќе падне експлоатацијата на нафтата во САД, колку во исто време Иран и Ирак ќе ги зголемат овие показатели и со какви темпа ќе расте светската побарувачка на нафта“, појаснува експертот. „Учесниците на преговорите во Доха всушност сакаа да се договорат „за ништо“, додава експертот. „Клучните нафтени држави, освен Ирак и Иран, и онака немаа намера да ја зголемуваат експлоатацијата. „Русија физички не може да ја зголеми експлоатацијата, со оглед на тоа што таа веќе години наназад се наоѓа на максимумот. Саудиска Арабија исто така максимално експлоатира, иако Саудијците тврдат дека имаат дополнителна можност но никој тоа не може нити да го потврди, ниту да го негира“, забележува експертот.

На 17 април во Доха беа одржани преговори на 17 земји производители на нафта, вклучувајќи ги и Русија и Саудиска Арабија. Ова беше обид за договарање на замрзнување на обемите на експлоатација на суровината. Сепак декларацијата не беше потпишана поради позицијата на Саудијците. Тие побараа документот да го потпишат сите земји од ОПЕК, меѓу кои и Иран и Либија. Тоа е невозможно: Иран претходно повторно потврди дека има намера да ја зголеми експлоатацијата на нивото од 4 милиони барели дневно, колку што имаше пред воведувањето на санкциите, а Либија не ја контролира својата експлоатација на нафта.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња