Гаспром, Edison и DEPA на 24 февруари потпишаа меморандум за изградба на гасовод помеѓу Грција и Италија. За основа е земен проектот ITGI (Interconnector Turkey-Greece-Italy) кој беше планиран како дел од маршрутата од Азербејџан преку турција во Италија, но не беше изграден. Сега гасоводот може да се користи за испорака на руски гас во јужна Европа.
За јужниот дел од Европа е мошне важно да добива руски гас по нови маршрути со цел да не зависат од украинскиот транзит. „Украинскиот систем за транспорт на гас е сосема исцрпен, а Нафтогас на Украина не ги вложува неопходните средства за нејзино модернизирање“, потсетува Сергеј Правосудов, директор на Институтот за национална енергетика.
Земјите од централна и од северна Европа ова прашање го решија за сметка на проекстот Северен тек-2 (гасовод од Русија во Германија преку Балтичко море), по кој гасот ќе биде испорачуван, меѓу другото, и во северна Италија (преку Австрија).
Постои потреба да се намалат и локалните ризици. На пример, јужните делови од италија добиваат гас преку гасоводот во Либија, но во оваа земја се одвива граѓанска војна и испораките оттаму не се сигурни. Новиот проект ITGI Poseidon имено и треба да го реши овој проблем.
За него е посебно заинтересирана Грција. „На Грците им е од интерес да привлекуваат инвестиции и да го развијат транспортниот енергетски наб“, вели Алексеј Гривач, заменик-директор на Фондот за национална енергетска безбедност.
Основното прашање е: како да се донесе гасот до Грција?
Во Грција рускиот гас може да дојде или преку територијата на Бугарија, или преку Турција. Односно гасоводот Poseidon може да биде продолжение и на Турски тек и на Јужен тек, вели постариот аналитичат на Vygon Consulting Марија Белова. Сепак, постои мислење дека најверојатна маршрута е Јужен тек преку Бугарија. „Оваа варијанта е пообработена. Главен проблем за проектот беше позицијата на Европската Комисија“, забележува Сергеј Правосудов.
Конечното решение ќе зависи од самите Европејци. „Edison и DEPAпокажаа интерес за формирање нова гасна инфраструктура, сега треба тие да иницираат приклучување кон овој проект и други земји, низ кои може да поминува гасот. Тоа е Бугарија, или, доколку се смени ситуацијата, - Турција“, смета Алексеј Гривач.
Гаспром е подготвен да започне со проектот исклучиво со согласност на Европската Комисија. „Мораме да осигураме поддршка на Европската Комисија, - вели Правосудов. – Ќе видиме дали властите на Италија и на Грција ќе успеат да ги убедат службениците од Европската Комисија за неопходноста од реализација на овој проект“.
Сега ITGI е вклучен во списокот на приоритетни проекти на Европската КОмисија, при што проектот одамна е исклучен од Третиот енергетски пакет на ЕУ во рок од 25 години (станува збор за норма за пристап кон капацитетот на гасоводот за трети лица). „Ова подразбира дека Гаспром ќе може да користи 100% од капацитетот (8 милијарди кубни метри – заб. ред.) за испорака на својот гас, - вели Правосудив. – Во спротивно ќе треба да се даде 50% од капацитетот на други земји-испорачатели“.
Сепак, началникот на Управата за стратешки истражувања во енергетиката при Аналитичкиот центар на владата на РФ Алексеј Курдин смета дека овие преференции можат да профункционираат само доколку гасот минува низ Турски тек и доколку Гаспром го продава гасот на границата помеѓу Турција и Грција. „Проектот ITGI беше насочен кон диверзификација на испораката на гас во Европа за сметка на транзитот преку Турција. И преференциите се однесуваа имено на овој проект, - потсетува експертот. – Доколку станува збор за испорака на руски гас, и тоа не преку Турција, ами преку Бугарија, тогаш тоа ќе биде сосема друг проект, а Европската Комисија ќе го разгледува одново“, заклучува Курдин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче