Зошто руската рубља е толку нестабилна

Валериј Шарифулин / ТАСС
„Руска реч на македонски“ полемизира за руската национална валута, за нафтата и за нивната сложена интеракција.

Во последно време на руската рубља не ѝ оди баш најдобро. За неколку месеци таа изгуби речиси 20% од својата вредност во однос на американскиот долар и на еврото, а потоа се покачи за 10%. Наглите промени со рубљата не се случуваат за првпат, основна причина за неговата волатилност е промената на цената на нафтата.

Колку рубљата зависи од нафтата?

Руската рубља велат дека е зависна од цената на нафтата. Откако на почетокот на јануари годинава цената на нафтата од марката Брент падна на 27 американски долари за барел, рубљата го повтори својот историски минимум во однос за американскиот долар и на еврото за сета своја историја. Кога се дозна за вонредното заседание на ОПЕК во февруари и за можното намалување на експлоатацијата на нафта за 5%, цената на барелот се покачи на 35 американски долари за барел. Веднаш потоа се пкачи и рубљата.

Руската валута расте и паѓа истиот ден кога и нафтата, односно нејзиниот курс во целост завици од цените на енергетските ресурси. Намалувањето на оваа зависност нема да се случи набргу. За тоа е потребно да се реструктуира руската економија. Според пресметките на економистот Сергеј Хестанов, за тоа се потребни 15 години.

Друга алтернатива е воведување на силна валутна контрола, што неизбежно ќе доведе до појавување на курс на пазар на црно. Ваквата практика дејствува во Венецуела: при напуптањето на границата, државјанинот на земјата може да смени долари само доколку покаже авионски билет. Во земјата се појави цел пазар на фалсификувани билети за менување девизи. Но, претседателот на Русија Владимир Путин во повеќе наврати истакна дека во Русија нема да има никакви ограничувања на менувањето девизи.

Кога започна сево ова?

Во 2014 година, откако цената на нафтата падна пониско од 100 американски долари за барел, Централната банка на Русија објави дека преминува кон слободен курс на рубљата. Претходно власта официјално имаше поставено валутен коридор, и доколку рубљата покажуваше отклонување од зададениот курс, тогаш Централната банка почнуваше да продава долари на пазарот.

Во ситуација на нагло паѓање на цената на нафтата и на изнесување на капиталот од Русија поврзано со санкциите, Централната банка се откажа од поддршка на рубљата. Инаку Централната банка ќе мораше да игра против сиот пазар и против сите оние што продаваат на црно, што се закануваше со загуба на златните резерви на Русија.

Како резултат на тоа рубљата за една година падна за 60% во однос на доларот и на еврото. За населението нагло поскапеа сите увозни производи и авионските билети. Патувањето во странство стана многу поскапо. Сето тоа доведе до пораст на инфлацијата во самата земја. На пример, според пресметките на бизнис-весникот „Ведомости“, во цената на рускиот компир до 75% отпаѓа увозниот сегмент за сметка на увозните семиња и ѓубрива.

Кој ќе добие од оваа зависност?

Како прво ќе добие рускиот буџет кој, според официјалните податоци, во 60% зависи од средствата од нафта и гас. Сите буџетски приходи и расходи се определуваат во рубли. Затоа намалувањето на цената на нафтата може да се компензира со понискиот курс на рубљата – во буџетот ќе има исто количество пари.

Што може да стори Централната банка?

Како и во секоја земја, Централната банка може да ја зголеми клучната стапка – цената на парите во земјата на која се ориентираат приватните банки. Кон крајот на 2014 година во цитуација на невиден напад на рубњата, Централната банка ја зголеми клучната стапка на 17%, со што беше замрзнато кредитирањето во Русија.

Високата кредитна стапка ја штити економијата од прегрејување, но не им дозволува на претпријатијата да добиваат кредити за развој.

Впрочем, поранешниот министер за финансии и личен пријател на Владимир Путин, Алексеј Кудрин, во повеќе наврати изјавуваше дека стапката требалои да биде покачена повече – на 30%. Подоцна стапката беше намалена на 11%. За споредба, во САД клучната стапка изнесува 0.25-0.5%, а во Европската Унија 0.05%.

При подготовката на овој материјал на „Руска реч на македонски“ ѝ помогнаа еден теоретичар по макроекономија, доцентот на катедрата за финансиски пазари и финансиски инженеринг при Еуската академија за народно стопанство и државна администрација Сергеј Хестанов, а исто така и двајца практичари: аналитичарот на инвестициската компанија „Рус-Инвест“ Семјон Немцов и аналитичарот на UFS IC Пјотр Дашкевич.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња