6 идни руски милионери

Press Photo
Во јануари 2016 година „Форбс“ објави листа со 300 млади лидери, креативни иноватори и храбри претприемачи во 10 области, вклучувајќи технологија, наука, медицина, медиуми и друго. „Руска реч на македонски“ ви ги претставува шесттемина млади руски бизнисмени што се најдоа на ранг-листата.

Дмитриј Аксјонов, 23 години, соосновач на компанијата DigitalGenius

Press PhotoPress Photo

Стартспот DigitalGenius основан од Аксјонов, има создадено инструмент, со кој е можно автоматски да се одржуваат елементарни повици со помош на вештачката интелигенција. Алатката е особено корисна во сферата на услугите. Аксјонов се занимава со роботика и со вештачка интелигенција уште од дете. Потоа заминува во Универзитетот на Лондон, откако ги убедува своите родители дека токму тоа е средината кадешто ќе може да ја развива својата страста кон роботиката. Идејата за компанијата му паѓа на ум уште како студент во Велика Британија.

Александар Дебелов, 27 години, соосновач на мрежата за споделување на видео содржини Virool

Press PhotoPress Photo

Родум од Ростов на Дон во јужниот дел на Русија, Дебелов се сели во Калифорнија уште како ученик. Студирал во „Бабсон колеџот“ (Babson College), каде специјализира претприемаштво. Во Калифорнија се запознава Стив Возњак и му ја кажува идејата за создавање „нов Apple“. Virool е основана во 2012 година и денес е една од најголемите платформи на светот за он-лајн промовирање на видеа. Компанијата веќе има над 100 вработени и повеќе од 30 илјади корисници ширум светот.

Евгенија Кујда, 29 години, соосновач на Luka

Press PhotoPress Photo

Евгенија Кујда е поранешен московски новинар и ресторански критичар. Нејзиниот стартап „Лука“ претставува сервис за препорачување на базата на историјата и преференциите на потрошувачите. Апликацијата личи многу на смс-разговор и „дознава“ дали сте вегетаријанец или сте зависник од сирење.

Првично развиена во Русија, "Лука" официјално излегува во Сан Франциско на почетокот на 2015 година. Во моментов апликацијата дава предлози за јадења во над 2.000 ресторани во заливот.

Иљја Сачков, 29 години, извршен директор и основач на Group IB

Press PhotoPress Photo

Group IB се специјализира во истрагата на криминал и прекршувањата на информациската безбедност. Сачков се занимава со информатичка безбедност од училиште.

- Обично Русите измислуваат нови методи кои се користат од страна на сите други хакери: ботнет, DDoS-напади, партнерски програми, итн. - вели тој. - Денес ситуацијата е уникатна. Ја нарекувам „Триглава ламја“ - чувството за неказнивост, техничката способност да се изврши кривично дело и економска можност да се легализираат украдени пари.

Дмитриј Самојловских, 28 години, соосновач на Tesla Amazing

Основана во јануари 2015 година Tesla Amazing го лансираше производот наречен „Магнетик“ (Magnetic). Ова е иновативна налепница која се лепи на секоја сува површина, без да остави лепило со помош на патентирана статична лента, развиена од страна на Самојловски. Основачите ја поканиле својата американска пријателка која живее во Москва Елизабет Баго да работи за нив како меѓународен маркетинг директор, со што и го создаваат стартапот. Откако Tesla Amazing стекнува речиси 250 илјади американски долари преку јавно финансирање, еден од најголемите трговски синџири во САД за канцелариски материјали ѝ понудува новата леплива белешка ексклузивна дистрибутивни зделка.

Олег Кивокурцев, 24 години, соосновач на Promobot

Press PhotoPress Photo

Кивокурцев го развил својот прв снежен плаг, кога сé уште бил студент на Политехничкиот универзитет во Перм. Во 2013 година го создава Promobot - робот за масовно производство, кој им помага на постоечки клиенти и создава нови. На крајот на минатата година Promobot потпиша договор со една кинеска компанија за опремата на бизнис зграда во Шангај. Компанијата прави роботи во Перм и е сместен на 200 квадратни метри, во поранешна фабрика за боја. Promobot ги користи методите на Google) за препознавање на говор. Кивокурцев за „Руска реч на македонски“ изјавува дека неговиот робот комуницира на совршен англиски и може да ракува со 70 илјади зборови. Излегува дека кинескиот јазик му е на исто такво ниво.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња