Зошто Русија ја зголеми експлоатацијата на нафта

Евгениј Бјатлов / РИА Новости
Руските компании поставија апсолутен рекорд во експлоатација на нафта во 2015 година без оглед на падот на цената на јаглероводородите. Според експертите овој феномен се објаснува со реализација на долгорочните инвестициски проекти во гранката, а исто така и со борбата за потрошувачи со другите производители. Сепак, во иднина, најверојатно, експлоатацијата на руските компании ќе се намали.

Без оглед на намалувањето на цените на енергетските ресурси, според податоците од 2015 година експлоатацијата на нафта и на гасен кондензат во Русија изнесува 534 билиони тони – апсолутен рекорд во целата историја на земјата, односно за 1.4% повеќе од 2014 година, соопштува рускиот бизнис-весник „Ведосмости“, повикувајќи се на податоци од Централната диспечерска управа за горивно-енергентскиот комплекс. Според руските експерти сегашните рекордни показатели се последица на инвестициите во проекти направени неколку години наназад. „Порастот на експлоатацијата е определен од направените инвестиции во новите наоѓалишта и зголемувањето на пласманот за разлика од цените во 2013-2014 година кога таа изнесуваша 110-120 американски долари за барел“, објаснува за „Руска реч на македонски“ директорот на Фондот за енергетски развој Сергеј Пикин.

Основи причини

Дури и при високи цени ќе видевме паѓање на експлоатацијата, вели Игор Јушков експерт на Фондот за национална енергетска безбедност. Сепак, во иднина, според него, поради падот на цените на нафтата по извесно време ќе се случи пад на експлоатацијата, како во Русија, така и во другите земји. Руските компании се принудени да ја поддржуваат експлоатацијата на нафтатга за да го одржат позитивниот паричен прилив, додава Пикин. Според него, во услови на санкции руските нафтени компании треба да ги исплатуваат надворешните долгови, а за тоа секако треба да се зголеми девизната добивка.

„Плановите за експлоатација на нафтата се испланирани на десетина години однапред, пуштањето и исклучувањето од експлоатација на нафтоводните цевки е долга и сложена процедура. Згора на тоа промената на плановите за обемот на експлоатација треба да се усогласат со властите што уште повеќе може да го оддолжи процесот“, се согласува претседателот на советот на директори на инженерската компанија „2К“ Иван Андиевски. Затоа, според него, во 2015 година руските компании ја реализирале својата долгорочна стратегија за експлоатација на нафта и покажаа производен пораст.

Борба за зачувување на делот од пазарот

Пораст на експлоатацијата во изминатата година не покажа само Русија, туку и други производители. Во декември 2015 година Саудиска Арабија експоатирала 10.3 милиони барели нафта дневно, а средната дневна експлоатација на Русија во 2015 година изнесувала 10.7 милиони барели. Згора на тоа, на почетокот на декември 2015 година ОПЕК го задржа нивото на квотите за експлоатација на нафта на 30 милиони барели дневно, без оглед на падот на цените. Како што објаснија од оваа организација, земјите-членки на картелот ја поддржуваат стратегијата за зачувување на уделот во пазарот. Всушност, во јануари 2016 година Нигерија, која годинава претседава со ОПЕК, на фонот на рекордниот пад на цената на нафтата предложи да се одржи вонредно заседание на картелот.

Според Андриевски, намалувањето на експлоатацијата на нафтата ќе доведе до намалување на испораките, а тоа значи дека местото на руската нафта ќе го заземат други производители. На таков начин, сега руските компании се принудени да работат со минимална добивка и да се надеваат дека периодот на ниски цени на нафтата нема да трае долго, вели тој. „Намалувањето на експлоатацијата е сложена и скапа, забележува директорот на одделот за оценка на групата компании SRG Едуард Данилов. Според него, Саудиска Арабија е поеластична во овој поглед, но таа не само што не ја намали, ами ја зголеми експлоатацијата за 5 до 7%, затоа инерцијата на високата експлоатација и на вишок понуда ќе се задржи. „Русија води борба за европскиот паза, а во неа се вклучи и Саудиска Арабија, се планира  вклучување на Иран, а првата нафта од САД по симнувањето на забраната за извоз ќе дојде во Швајцарија“, вели Данилов.Според него, доколку Русија ја намали експлоатацијата и ги изгуби своите традиционални купувачи, тогаш нејзиното место ќе го заземат други земји, а враќањето ќе биде сложено.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.