„Со цел воведување мерки за стабилизација на финансиско-монетарниот систем, како и во врска со тоа финансиските операции на територијата на Луганската Народна Република да се реализираат претежно во руски рубли и со наглото намалување на паричната маса во гривни, утврдуваме дека основната парична единици на територијата на ЛНР е руската рубља“, се наведува во одлуката на владата на ЛНР, објавена на сајтот на Луганскиот информативен центар, пренесува „Взгљад“.
Во документот исто така се наведува дека на територијата на републиката е „дозволена употреба на националната парична единица на Украина – гривната, доларот на САД и еврото, како и реализација на пресметки во готово и во неготовинска форма во гривни, американски долари и евра“.
Според оваа одлука, „исплата на заработките на вработените во буџетската сфера, пензиите и другите социјални давачки кои се одредени во согласност со важечкото законодавство, се вршат во рубли“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче