Завршена ли е ерата на извозни приходи за Русија?

Извор: Илја Питалев / РИА Новости

Извор: Илја Питалев / РИА Новости

САД за првпат по 1975 година избија на првото место во светот според експлоатацијата на нафта, оставајќи ја Русија на третото место. Втората позиција ја зазеде Саудиска Арабија. Ова се податоците од статистичкиот извештај за светската економија 2015, кој го подготви ВР. Само пред десет години ваквиот распоред на силите беше незамислив, признава првиот човек на ВР Роберт Дадли. „Руска реч на македонски“ поразговара со руските експерти за тоа какви последици ќе поднесе Русија.

Александар Пасечник – шеф на аналитичката управа на Фондот за национална енергетска безбедност (ФНЕБ) 

Доколку погледнеме на американската нафта како на конкуренција на руската, тогаш не треба да се обрнува големо внимание за тоа кој е сега шампион. Тројката лидери во експлоатација на нафта се САД, Саудиска Арабија и Русија, тука нема некаква разлика. Во гранкова смисла задачата на Русија има малку поинаква содржина. Ние сега се ориентираме на Тихоокеанскиот регион. На Русија ѝ е важно да ја рашири инфраструктурната моќност, со оглед на тоа дека кинескиот, индискиот, корејскиот и јапонскиот пазар претставуваат голем потенцијал за зголемување на извозот. Локомотива, секако, е Кина. За Русија е главно да го синхронизира темпото на националната експлоатација на нафта со растечката кинеска побарувачка. Тука постојат ризици за неисполнување на договорите во долгорочна перспектива, зашто го зголемуваме нивото на извозот, а сите тенденции во експлоатацискиот сегмент имаат стагнациска оценка (Министерството за енергетика смета дека до 2020 година ќе го задржи нивото од 525-530 милиони тони годишна експлоатација). 

Ќе се намали ли експлоатацијата на нафта?
Санкциите од Западот и паѓањето на курсот на рубљата ќе доведат до нагло намалување на експлоатацијата на нафта во Русија, се вели во анализата на Меѓународната агенција за енергетика. Според податоците од агенцијата, вкупниот пад ќе изнесува минимум 5%. Како резултат на тоа САД ќе ја зацврстат својата улога на лидер во експлоатацијата на јаглеводороди во светот.

Не е јасно од каде ќе се земе дополнително количество нафта. Определени обеми можат да се затворат со испораки од Иран, но купувањето иранска нафта од страна на Русија е времена иницијатива со политичка нијанса. Впрочем, да се зборува дека поради бавниот пораст на експлоатација на нафта, Русија целосно ќе го изгуби извозниот пазар е избрзано. 

Според оценките на Меѓународната агенција за енергетика Кина има потрошувачки ресурс за да ги проголта испораките не само од руските доставувачи. Постои уште еден важен момент што треба да се земе предвид. Во мај годинава во Русија беше забележан рекорден пораст во производството на нафта и покрај прогнозите на експертите (во мај Русија произведуваше 10.708 милиони барели дневно, додека Саудиска Арабија произведуваше 10.25 милиони барели дневно – заб. ред.). 

Тука е важно да се разјаснат причините за успехот на овој сектор. Или е тоа одложен ефект на претходната декада, кога цената на барелот надминуваше 100 долари и тоа дозволуваше да се зголемат инвестициите во експлоатацијата, или, пак, ова се првите резултати на девалвациското влијание: добивката на нафтените компании во рубли порасна и ова даде можност во 2015 година да се зголемат инвестициите во рубли и голема замена на увозот (купување на домашното производство за ТЕЦ). Што предизвика рекорден пораст на експлоатацијата во мај годинава ќе стане јасно од резултатите во вториот и третиот квартал. 

Михаил Крутихин – партнер на консултантската компанија RusEnergy 

Главна задача на нашата влада е да го задржи моменталното ниво на експлоатација, а не да ја зголемува. Во енергетската стратегија, која сега треба да биде потврдена според новата варијанта, се вели дека во најдобра варијанта Русија ќе ја задржи експлоатацијата од 526-527 милиони тони годишно. Според песимистичкото сценарио на владата, експлоатацијата на нафтата ќе опадне. Така до 2035 година треба да падне на 467 милиони тони годишно. 

Абрамович инвестира во нафтената технологија
Тексашката компанија Propell Technologies објави дека кипарската Ervington Investments, чиј конечен бенефициент е рускиот милијардер Роман Абрамович, вложила во неа пет милиони американски долари. Во известувањето за медиумите не се обелоденува уделот на бизнисменот во Propell Technologies.

Ова се објаснува со влошувањето на квалитетот на резервите. Нови наоѓалишта има сè помалку и помалку според размерите и се наоѓаат сè подалеку и подалеку од инфраструктурата. И геолошки тие се сè потешки за експлоатација. А, поголемиот број големи наоѓалишта на нафта која лесно се извлекува се наоѓа во стадиум на намалена експлоатација. Но, ниското темпо на експлоатација во Русија директно не влијае на состојбата на нашата економија. 

Друга работа е што порастот на експлоатација во Соединетите Американски Држави, во Саудиска Арабија, во други земји, значи дека на глобалниот пазар нафта има сè повеќе. 

На пример, САД го зголемуваат обемот на експлоатација, за, во прв ред, да се откажат од увоз. Оние што порано извезуваа во САД сега треба да бараат нови пазари за своите вишоци. Тоа значи и притисок врз цените. Ето тоа, како прво, влијае на состојбата на руската економија. 

Ниските цени на нафтата не само што значат помал прилив во буџетот. Ова значи дека помалку пари им остануваат на нафтените компании за да можат ефикасно да ги разработуваат своите резерви. За да се извлече таканаречената тешкодостапна нафта во Русија потребни се не помалку од 85 долари за еден барел. А, сега е невозможно да се продаде нафта по ваква цена. Затоа ќе запре експлоатацијата и на тешкодостапната нафта во Русија. 

Ова значи дека ерата на увозни приходи во Русија е најверојатно завршена. Потребно е да се развива економијата во други правци.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.