Извор: „Адмирал Кузнецов“ и „Петар Велики“ се враќаат дома

Според информациите на извор на „Интерфакс“, се очекува носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и крстосувачот „Петар Велики“ месецов да ја завршат својата мисија Медитеранот.

Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и атомскиот ракетен крстостувач „Петар Велики“, како што се очекува, месецов можат да ја завршат мисијата во Средоземното море и да се упатат кон Североморск (главната база на Северната флота на Русија), соопшти за „Интерфакс“ добро информиран извор.

„Се очекува во јануари Адмирал Кузнецов“ и „Петар Велики“ да ја завршат мисијата и да тргнат кон бреговите на Русија“, изјави соговорникот на агенцијата.

Претходно на 29 декември 2016 година министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави на средбата со претседателот на РФ Владимир Путин дека поради новото примирје во Сирија се создадени можности за намалување на бројот на руски војници во таа земја.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња