Зошто Русија плати милијарда долари за Јужен тек?

Извор: Алексеј Куденко / РИА Новости

Извор: Алексеј Куденко / РИА Новости

Рускиот гасен монопол Гаспром на европските партнери им исплати една милијарда американски долари за уделите во проектот Јужен тек. Компанијата немаше таква обврска, но руската страна е заинтересирана за привлекување на западните играчи за поставување на новиот гасовод преку Турција.

Гаспром исплати 52.12 милијарди рубли (околу една милијарда американски долари според курсот од декември 2014 година) на европските партнери за уделите во проектот Јужен тек. Според извештајот на Гаспром за 2014 година, станува збор за исплата на италијанската компанија Eni, на француската EDF и на германската Wintershall. Притоа, руската компанија не беше обврзана да исплаќа средства. Според мислењето на експертите, гасниот монопол решил да ги зачува односите со партнерите. „Сега Гаспром е единствен сопственик на целиот имот и на активите од проектот“, вели заменикот на шефот на катедрата за државно регулирање на економијата на Институтот за државна служба и управување при Руската академија за народно стопанство и државна администрација Иван Капитонов. Како резултат на тоа, според него, цевките кои се веќе купени за Јужен тек, можат да бидат искористени за реализација на новиот проект Турски тек. Првично партнер на Гаспром во изградбата на морскиот дел од гасоводот Јужен тек беше италијанската компанија (50%), а подоцна Италијанците им отстапија на германската Wintershall и на француската EDF по 15%. 

Спогодби со партнерите 

Перспективите на рускиот гас во Европа
„Руска реч“ ви ги пренесува најинтересните делови од излагањето на уредникот на списанието „Гаспром“, Сергеј Правосудов, од конференцијата „Руски енергетски проекти на Балканот по Јужен тек“, која беше одржана во Белград.

Според извор на руската агенција Интерфакс, Гаспром е сериозно заинтересиран за зачувување на договорите за поставување на цевките со италијанската градежна компанија Saipem во услови на секторските санкции што Европската Унија ги воведе за руската индустрија за нафта и гас. Италијанските власти веќе му дозволија на Saipem да поставува цевки во Црното море. Всушност, флотата за поставување на цевки на Saipem сè уште стои во бугарското пристаниште Бургас. Според Капитонов, за ова Гаспром се договорил со Eni, која е основен акционер во италијанската градежна компанија Saipem“. 

„Една работа се ризиците од проектот што се делат меѓу сите акционери, и кои можат да се појават во време на неговата реализација, а сосема друга работа е кога главниот акционер еднострано го затвора овој проект“, вели водечкиот експерт на управувачката компанија „Финам Менаџмент“ Дмитриј Баранов. Според него, во овој случај Гаспром постапил сосема правилно, со тоа што им исплатил компензација на останатите партнери. 

Нов тек 

Македонија во балканската географија на Турски тек
Руската групација „Стројтрансгас“ започна со изградба на гасоводот во Клечовце, во близина на Неготино. Со започнувањето на овој гасовод Македонија добива база за сопствен енергетски систем. Во моментов зависноста на македонската економија од надворешните извори на енергенси изнесува 48% (поголема зависност на Балканот има само Хрватска со 52%).

Согласно проектот за Јужен тек, морскиот дел од гасоводот по дното на Црно море со моќност од 63 милијарди кубни метри гас годишно требаше да поминува низ Бугарија, а потоа и во земјите од Јужна Европа, вклучувајќи ги и балканските земји, како што се Србија и Македонија. Сепак, руската компанија се откажа од проектот поради позициите на Бугарија, која ја прекина работата на гасоводот по барање на Европската комисија. Новиот проект Турски тек исто така ќе минува по дното на Црно море, само не кон Бугарија, туку кон Турција. Согласно спогодбата помеѓу руската и турската страна, морскиот дел од проектот во должина од 660 километри ќе ја следи трасата од Јужен тек, односно Гаспром нема да треба да троши средства на нов морски пат, а потоа таа ќе се движи кон европскиот брег на Турција. Како што објаснуваат во службата за односи со јавност на Гаспром, во блиска иднина ќе започнат проектантските работи на новиот турски морски дел од новиот гасовод. Сепак, Гаспром сè уште не може да добие дозвола од Турција дури ни за почеток на истражувачките работи, со оглед на тоа дека турската страна настојува на добивање попуст.

Претходно Гаспром со Министерството за енергетика и природни ресурси на Турција ја усогласи маршрутата на гасоводот. Како што велат за „Руска реч на македонски“ од службата за односи со јавност на Гаспром, страните ги определиле клучните точки на маршрутата и ги продискутирале техничките детали. Како резултат на тоа, гасоводот ќе излезе на копно во делот на населеното место Мидија, а потоа ќе ја премине границата помеѓу Турција и Грција во делот на Ипсала. Во моментов Гаспром води преговори со Грција за понатамошната маршрута на гасоводот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.