Извор: Press Photo
Падот на руската валута ќе им овозможи на руските компании нагло да го зголемат извозот на несуровински стоки. „Целта поради која беа воведени санкциите <нивното воведување беше поврзано со украинската криза> не беше постигната – невозможно е да се изолира руската економија“, изјави заменик-претседателот на Стопанската комора на Русија Георгиј Петров во рамките на дискусијата „Русија во новите економски услови“ на форумот „Отворена Русија“ во Москва. Според него, во некои земји трговијата со Русија донела значителен пораст на БДП. Како што забележа Георгиј Петров „во 2014 година во Македонија порастот на економијата изнесува рекордни 4%, и според податоците од македонските власти, голем придонес за ова има Русија“. Во ваква ситуација руските власти се одлучиле за пораст на неусровинскиот извоз.
Основни причини
Како што забележа научниот раководител на научно-истражувачкиот центар „Економика“ Олег Григорјев, „руската економија е во голем степен зависна од она што се случува во светот. Според него, на светскиот пазар се појавуваат нови можности што руските компании треба да ги следат, а исто така и да се обидат да влезат во надворешните пазари кои претходно биле затворени за нив“.
Во 2014 година во Македонија порастот на економијата изнесува рекордни 4%, и според податоците од македонските власти, голем придонес за ова има Русија.
Георгиј Петров
заменик-претседателот на Стопанската комора
Како што изјави директорот на аналитичкиот центар за надворешна трговија на Министерството за индустрија и трговија на Русија Роман Љадов, до крајот на јуни 2015 година министерството ќе разработи планови за замена на увозот во 18 гранки, со оглед на тоа дека државата планира да го развива домашното производство, меѓу другото и за сметка на странските компании во Русија. Со таа цел во Русија ќе биде воведен „специјален инвестициски договор“ – форма на спогодба помеѓу државата и приватните компании, во случаи кога државата бара од инвеститорот отворање работни места и создавање производство на високотехнолошки производи. Друг инструмент ќе биде Фондот за развој на индустријата, на кој веќе му се префрлени 20 милијарди рубли (347.8 милиони американски долари). Фондот ќе дава заем на руските компании со каматна стапка од 5% на годишно ниво. За споредба, Централната банка, според која се ориентираат приватните банки во Русија, има каматна стапка од 14%.
Поддршка на извозот
Според експертите, еден од показателите за успешноста на руските производители е извозот на високотехнолошки производи. „Во моментов увозот на високотехнолошки производи во Русија го надминува извозот за 11 пати“, изјави заменик-претседателот на фондот „Сколково“ Василиј Белов. Според него, ослабената рубља ја зголемува конкурентноста на руските производи, но овој услов не е доволен. Треба да се зголеми квалитетот на истражувањата во научните институти, смета Белов. Според него, од оваа гледна точка многу добар пример се Јапонија и САД, кои се ориентирани на извоз на високотехнолошки производи, па затоа ја надминуваат Кина. Според Белов, во 2014 година 40 високотехнолошки компании од Русија отвориле свои странски претставништва или излегле на меѓународните пазари.
Еден од условите за пораст на извозот според експертите може да биде и поддршката на малите претпријатија. „Можеме да ја искористиме пазарната конјунктура, доколку државата им помогне на малите и на средните претпријатија“, изјави генералниот директор на Агенцијата за поддршка на малиот и на средниот бизнис Виктор Ермаков. Во моментов, според него, уделот на малите претпријатија во рускиот извоз изнесува 0.2%, додека во развиените земји нивниот удел достигнува и до 40%. За да се измени ситуацијата, во Русија беше отворена онлајн-платформа за поддршка на излезот на малите претпријатија на пазарите на Азиско-Тихоокеанскиот регион: во блиска иднина ќе се одржи и нејзина промоција во Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче